27.04.2026
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Ако некој ви рече дека во Берово нема што да правите доколку
појдете како група или колегијално од работа на тим-билдинг, тогаш многу, ама
многу грешат или ве лажат!
Тимот на Кајак.мк ќе ви раскаже дека со нас како организатори, Берово може да биде дестинација која ќе ви понуди време исполнето со многу адреналин, активности во природа, вкусна храна и уживање во апсолутна приватност.

Изминатиот викенд, Кајак Агенција имаше можност да биде
организатор на еднодневен тим-билдинг на компанијата Flutter CEE (ex.
Singular).
Не би должеле многу да ви објаснуваме детално за нашата авантура, бидејќи фотографиите кои ги имате во самото четиво говорат многу, но дефинитивно би ви рекле дека денот ни беше исполнет со јавање коњи низ прекрасната беровска шума.

Имавме организирано натпревар во стрелаштво и пукање со воздушна пушка, а го посетивме и најдоброто беровско семејство кое ги произведува најдобрите локални специјалитети од беровските билки кои ги дарува природата.

Денот го комплетиравме со највкусната трпеза – микс од
беровски локални специјалитети, вкусна храна и пикник трпеза во природа
организирана само за групата.
Доколку и вашата компанија сака вакво еднодневно или повеќедневно искуствено доживување и патување кое вклучува организиран превоз, активности, логистика, сместување, храна и забава, тогаш сè што треба е да ни пишете на [email protected] или пак испратете барање со пополнување на формуларот со еден клик ОВДЕ.

Доколку одлучите да ноќевате во Берово, не заборавајте дека
ние ја организираме најдобрата забава со логорски оган.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!