24.01.2026

Македонска пекара во Австралија ги освојува купувачите со стари македонски рецепти

Македонска пекара во Австралија ги освојува купувачите со стари македонски рецепти

Пред да продолжите со читање на овој текст, сакаме да ве информираме дека текстот е достапен на вкупно 20 ЈАЗИЦИ! Без разлика каде и да живеете низ Светот, отсега ваквите убави приказни можете да ги споделите на јазикот во земјата каде живеете или престојувате. Па така вашите пријатели германци, швеѓани, французи, американци, или што и да се ќе може да се запознаат повеќе со Македонија. Текстот можете да го прочитате на друг јазик со еден клик ОВДЕ.

Денеска, ве водиме во Австралија, поточно во предградието на Сиднеј, кадешто се наоѓа уште една пекарница на наш македонец, кој веќе долги години живее во Австралија.

Во австралиската пекарницата на Ристе мириса на македонска традиција. Таму се подготвуваат најразлични бели пецива – од рачно замесен домашен леб, со природен квасец или без него, до свечени погачи наменети за свадби, крштевки и црковни обреди. На полиците секојдневно се редат буреци, мазници, пити и други пекарски производи, а слаткиот дел од гастрономската македонско-австралиска приказна го заокружуваат тулумбите, баклавите и останатите ориентални десерти кои носат вкус на Балканот.


Зад овој труд стои семејството Танчеви кои се по потекно од село Миравци – татко и син- Слободан и Ристе – чие име со години е препознатливо во Ливерпул, предградие на Сиднеј. Нивната пекара се наоѓа на Macquarie Street, Unit 5/156, и за многумина претставува повеќе од продавница: таа е место каде што спомените и традицијата се преточуваат во тесто.

Веќе триесет години, македонската пекарска приказна живее и опстојува во Австралија. Во „Royalty“ секој производ се подготвува со истата филозофија со која се работело и дома во село Миравци – без брзање, со почит кон занаетот. Тука се меси кисел леб, векни, прстени и разни видови ролни, но и автентични балкански специјалитети како бурек, мазник, пита, крофни, тулумби и баклава. Посебно место имаат и лебовите за црковна литургија, како и украсните погачи за веридби и свадби.


Ристе потекнува од гевгелиското село Миравци, а неговиот животен пат го однел илјадници километри далеку од татковината. Сепак, токму – во Ливерпул – тој успеал да изгради стабилен семеен бизнис кој опстојува на истата локација уште од 1996 година. Неговиот успех не е случаен. Тој е резултат на години работа, постојана борба, рано станување и искрен однос кон секој што ќе влезе во пекарницата. Македонскиот занает со текот на времето станал секојдневие, а тоа секојдневие се претворило во идентитет. Лебот, бурекот и слатките тука не се само производи – тие се врска со корените и доказ дека традицијата може да преживее и далеку од дома.


Посебна приказна се тулумбите – десерт кој во пекарницата „Royalty“ носи длабока семејна симболика. Нивниот вкус не е случаен, туку е резултат на генерациско знаење. Рецептите се пренесувале од баба и дедо, преку татко, сè до Ристе, кој ги споил сите искуства и создал сопствен, препознатлив стил. Тулумбите така стануваат повеќе од слатко – тие се спој на наследство, дисциплина и личен печат, типичен балкански дух што знае да го зачува старото, а да го усоврши за новото време.


Приказната за Ристе е приказна за Македонец кој ја освоил Австралија не со гласни зборови, туку со тивка, упорна работа и со вкусови што зборуваат сами за себе.

Пред да продолжите со читање на овој текст, сакаме да ве информираме дека текстот е достапен на вкупно 20 ЈАЗИЦИ! Без разлика каде и да живеете низ Светот, отсега ваквите убави приказни можете да ги споделите на јазикот во земјата каде живеете или престојувате. Па така вашите пријатели германци, швеѓани, французи, американци, или што и да се ќе може да се запознаат повеќе со Македонија. Текстот можете да го прочитате на друг јазик со еден клик ОВДЕ.


Остави Коментар

Коментари

  • Kostadin Kostadinov

    24.01.2026 21:24

    Браво, успех и срека пинатаму секако и добро здравје 🥖🫓🥨🥯🍞🙏🍀👌👍🥪🌭🍰🥧🍮🥮🧀🥐🥖

Прочитајте повеќе

Гастро викенд во Македонија | Уникатни гастрономски искуства Kajak.mk

Овој викенд е идеален за гастро дестинации во Македонија. Резервирајте уникатно гастрономско искуство со домашна храна и локални вкусови преку Kajak.mk.

Вили со базени и простори за настани во Македонија | kajak.mk

Селектирана понуда на вили со базени и сместувања погодни за настани низ Македонија. Идеални простори за прослави, тим билдинзи и приватни собири со целосна приватност и комфор на kajak.mk.

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.