25.01.2026

Македонците ја избираат Попова Шапка како најевтина опција за скијање

Македонците ја избираат Попова Шапка како најевтина опција за скијање

Попова Шапка е избрана како најисплатлива скијачка дестинација во Македонија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Кајак.мк. Анкетата беше реализирана во популарната фејсбук група „Туризам во Македонија“, каде свое мислење споделија вкупно 360 испитаници. Најголем дел од нив, односно 45 проценти, го дадоа својот глас токму за Попова Шапка. Овој резултат ја позиционира Шапка како водечки избор кога станува збор за односот цена–квалитет.

Групата има скоро 100.000 членови од кои повеќето македонски туристи и можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.

Како второрангиран ски-центар се најде Маврово со 24 проценти од гласовите, додека Пониква ја доби поддршката од 15 проценти од испитаниците и покрај фактот дека годинава ски центарот не е во функција.

Михајлово, Нижеполе и Копанки добија значително помал број гласови, што укажува на јасна разлика во перцепцијата кај скијачите. Во анкетата беа додадени и неколку алтернативни одговори од самите членови на групата. Дел од нив со ироничен тон изразија незадоволство од целокупната ски-понуда во земјава.


Критериумот врз основа на кој се гласаше не беше големината на ски-центрите, туку исплатливоста на билетот во однос на понуденото. Во предвид беа земени и цените на храната и пијалоците на самите скијалишта. Токму овој пристап овозможи пореална споредба од аспект на просечниот скијач. Анкетата покажа дека посетителите сè повеќе ја вреднуваат пристапноста, а не луксузот.


Во коментарите, дел од учесниците споделија конкретни искуства. Александар Јанкоски посочи дека за ски стази изборот паѓа на Шапка и Маврово, но дека Копанки нуди најпријатна атмосфера и најниски цени за уживање. Тој нагласи дека кафе на самата ски стаза може да се најде по цена од 50 до 80 денари, што е реткост во другите центри. Дополнително, беше истакнато дека патеките во Копанки биле во добра состојба во последните две години.


Сепак, не изостанаа и покритички ставови. Корисникот Пујуклиев Нако кратко коментираше дека ниту еден ски-центар не ги исполнува очекувањата и дека сите се „за музеј“. Димитар Тримчевски, пак, смета дека вистинска споредба можат да направат само оние кои скијале во странство. Овие коментари укажуваат на потребата од континуирани инвестиции и унапредување на ски-инфраструктурата во Македонија.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.