13.07.2026
Кајак.мк ве води во село Слепче
Кајак.мк ве води во село Слепче
Ако редовно ги следите објавите на Кајак.мк, тогаш знаете дека токму овде први ги откриваме најинтересните туристички приказни, новите сместувања и уникатните дестинации низ Македонија. Нашата мисија е да ги поврземе патниците со луѓето кои создаваат автентични туристички приказни, а токму затоа денес ве водиме во едно од најубавите села во Демирхисарскиот регион – Слепче.
| Доколку сакате повеќе информации и опција за резервација на сместувањето, кликнете ОВДЕ. |
Новото сместување кое отсега може да се резервира преку Кајак.мк располага со осум современо уредени апартмани, создадени за гостите кои сакаат комфор, мир и природа. Во понудата има трокреветни, четирикреветни и петкреветен апартман, а еден од апартманите располага и со приватно џакузи, идеално за романтичен викенд или целосна релаксација.

Секој апартман има сопствено купатило, тераса, минибар, бесплатен Wi-Fi интернет и инвертер клима, а гостите можат да уживаат и во ресторанот кој се наоѓа во рамките на комплексот, каде се служат домашни специјалитети и појадок.
Она што оваа дестинација ја прави посебна е богатата околина исполнета со места што вреди да се посетат. На само неколку минути се наоѓа манастирот „Св. Јован Претеча“, а во близина е и манастирот „Источен Петок“ во Добромирово. За љубителите на активниот туризам, околината нуди планински патеки за пешачење и велосипедизам, додека љубителите на историјата можат да ја посетат најстарата приватна библиотека на Балканот во селото Бабино, Меморијалната куќа на Петре М. Андреевски во Слоештица, музејот на Даме Груев во Смилево или да доживеат авантура со јавање коњи на Гара Ранч во Сладуево.

Доколку сте во потрага по место каде утрото ќе го започнете со поглед кон зеленилото, денот ќе го поминете во истражување на природата и културното наследство, а вечерта ќе ја завршите со вкусна домашна храна и мирна атмосфера, тогаш ова сместување во Слепче е вистинскиот избор.
Повеќе информации, фотографии и можност за директна резервација ќе најдете на Кајак.мк, каде секојдневно ги откриваме најдобрите домашни туристички приказни.
Доколку сакате повеќе информации и опција за резервација на сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!