01.10.2026
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија за 2026 година. Признанието беше доделено од Министерството за култура и туризам по повод Светскиот ден на туризмот, како потврда за придонесот на Кајак.мк во развојот и дигиталната промоција на Македонија како автентична и атрактивна туристичка дестинација.

За нас, ова признание значи многу повеќе од награда. Тоа е признание за години макотрпна работа, илјадници поминати километри низ Македонија и безброј откриени локални приказни. Од првиот ден нашата мисија не беше само да изградиме туристичка платформа, туку да создадеме простор преку кој туризмот ќе стигне директно до локалните луѓе – сместувачките капацитети, домаќините, малите семејни бизниси, занаетчиите, туристичките водичи, производителите и сите оние чии приказни заслужуваат да бидат слушнати.

Им благодариме на сите институции, професорската и експертската фела, како и на професионалците од НАИТМ, кои препознаа дека не се откажуваме од остварувањето на нашиот сон – да создадеме нова ера на туризмот во Македонија.

Ние продолжуваме со нашето темпо на работа! Ги повикуваме сите
сместувачки капацитети, туристички водичи, организатори на туристички искуства
и туристички агенции кои нудат туристички пакети, а се заинтересирани да станат
дел од светот на Кајак.мк, да нè контактираат преку: kajak.mk/kontakt
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.