24.02.2026
Ги напуштивме Скопје и Нови Сад за село: Денес произведуваме мед што освојува награди
Ги напуштивме Скопје и Нови Сад за село: Денес произведуваме мед што освојува награди
| Пред да започнете со читање на приказната, ве информираме дека приказната е достапна на 30 јазици! Без разлика каде и да живеете низ светот, ако сакате да направите нешто добро за Македонија, тогаш споделете ја приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Само така ќе докажеме дека и во Македонија има убави и позитивни приказни. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ. |
Тимот на Кајак.мк постојано трага по приказни за луѓе кои тивко, создаваат нешта од вистинско значење за Македонија. Ние таквите луѓе ги нарекуваме „Локални херои“.
Овој пат, патот нè однесе далеку од асфалтот и градската врева – во планинското село Грљани, во источна Македонија, каде што една млада двојка реши да направи чекор кој денес многу млади парови одлучуваат да го направат, а тоа е да излезат од машината на изградениот систем и да му се препуштат на вистинскиот начин на живеење.

Кајак.мк ве запознава со приказната на Николче и Ања. Николче е дипломиран електроинженер со искуство во дигитален маркетинг и живот во Скопје, а Ања е дипломиран графички дизајнер од Нови Сад, навикната на урбан ритам и живот во центарот на градот.
Николче вели дека по нивната свадба, донеле одлука што на многумина им звучи како ризик: да ги напуштат градовите и да започнат нов живот и бизнис во село.
„Кога се вративме да живееме во селото, сфативме дека имаме две опции – или да бараме работа на друго место, или да создадеме нешто свое. Сакавме живот со повеќе смисла и контрола врз времето што го живееме“, ни раскажува тој.

Грљани е типично планинско село, на околу 800 метри
надморска височина, со мал број жители и речиси никаква индустрија. Токму таа
изолираност, која за многумина би била недостаток, за нив станала предност.
Чистата природа, недопрените пасишта и богатството од диви билки се основата
врз која ја градат својата приказна, а тоа е приказната за медените производи
кои го носат називот „Бабин“.
Пчеларството, всушност, не е ново поглавје за Николче. Тоа е
семејна традиција, занает што го научил од мајка му, додека од татко му го
наследил претприемачкиот начин на размислување. Ања, пак, направила најголемата
промена – од живот во Нови Сад до секојдневие во планинско село во Македонија.
„Не беше лесно, нов јазик, нова средина, сосема поинаков живот. Но чувството дека градиш нешто свое, од почеток до крај, вреди повеќе од удобноста што ја нуди градот“, вели Ања.

Денес, „Бабин“ нуди планински мед и мед од диво цвеќе, како
и низа пчелни производи – полен, прополис, перга, матична млеч и нивната
специјална имуно-комбинација „Бабин Штит“. Покрај тоа, во понудата се и чаеви
од сопствени насади и диво набрани лековити билки, собрани од еколошки чисти
предели.
Квалитетот на нивниот мед не останал незабележан.
Производите поседуваат органски сертификат, а на натпревар во Нови Сад освоиле
две први места – за квалитет и за вкус.
„Наградите ни значат, но уште повеќе ни значи кога луѓето ќе се вратат и повторно ќе купат. Тоа ни е најдобрата потврда дека сме на вистинскиот пат“, додава Николче.

Од берба и грижа за пчелите, преку пакување, па сè до дизајн
и комуникација – сè е во нивна организација, со поддршка од семејството кога е
потребно. Без голем тим, без инвеститори, но со јасна визија.
Приказната на Николче и Ања не е романтизирана слика за „бегство од градот“. Таа е реален пример дека и во малите средини може да се создаде одржлив бизнис, ако постои знаење, трпение и желба да се работи чесно и посветено.

За нас во Кајак.мк, ваквите приказни се потсетник дека
локалните херои не се секогаш гласни и видливи. Понекогаш тие се луѓе кои тивко
работат во планинско село, создавајќи производи што ја претставуваат Македонија
на најдобар можен начин – со квалитет, автентичност и почит кон природата.
Им посакуваме топло добредојде на Николче и Ања во светот на локалните херои кои го гради „Кајак.мк“. Ваквите инспиративни приказни значат туризам, за кој се надеваме дека ќе „процвета“ еден ден.
Фејсбук профилот на Бабин можете да го заследите со еден клик ОВДЕ или можете да ги најдете на инстаграм на @babin.mk_
Ве информираме дека приказната е достапна на 30 јазици! Без разлика каде и да живеете низ светот, ако сакате да направите нешто добро за Македонија, тогаш споделете ја приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Само така ќе докажеме дека и во Македонија има убави и позитивни приказни. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Suzana Mihajlovska Stojmanovska
26.02.2026 16:02
Браво,да сте здрави и живи ,секоја пофалба за одлуката,само напред
-
Петар Николовски
25.02.2026 19:38
Браво за двајцата млади! Докажавте, а допрва и ќе докажувате дека може да се опстане во рурална средина и чесно да се заработува од свој труд. Како награда за тоа, имате нешто што парите не можат да го купат чист воздух, мир и тишина, нешто што во градовите сѐ повеќе недостига. Само на овој начин можеме да опстанеме и да создадеме вистинска вредност. Во иднина, сѐ повеќе луѓе ќе учат од вашата приказна и ќе го следат вашиот пример. Вие сте доказ дека успехот може да се гради и дома, со работа, љубов и верба. Господ нека е со вас и нека ви дава сила и успех на овој пат!
-
Mirsad Kardovic
25.02.2026 16:20
Bukvalno VI ZAVIDUVAM,SAMO NAPRED I SO SREKA,za moja smisla za spokoen,sreken i zdrav i dolg zivot,VIE dvajca ste ne samo PRIMER,vie ste EDEN OD NAJPAMETNITE MLADI PAROVI VO SVETOT,SREKNOBI SRECNO.
-
Nikolcho stojkovski
25.02.2026 11:45
Bravo ludje bravo. Mojata prikazna e nesto slicno na vasata. Jas sum gradezen I ziner so 56 godini rabotno iskustvo vo jugoslavija I mk. No I 16 godini so framcuski I germanski firmi No se priblizi 80 desettata. Nesto morase dase smeni. Se vrativ vo s.ukovica kaj kak. Kamenica. Imam 8 pceli I tri folii za gradi arstvo. Povele te vo lukovica. Sakam da ve zapoznam.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
2026 FIFA World Cup: Глобален бум на туризам и патувања
Светскиот куп 2026 во САД, Канада и Мексико ќе го движи глобалниот туризам. Откријте како навивачите, хотели и патувања се подготвуваат за милионите фанови и економскиот бум.
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.