04.03.2020

Места кои нема да ги посетите

Места кои нема да ги посетите

1. Mezhgorye е град во Русија во кој наводно живеат луѓе кои работат на таен воен проект на блиската планина Yamantaw. САД се сомневаа дека станува збор за огромен бункер, но владата на Русија дава различни одговори. Можно е да станува збор за рудник, тајна скривница на руско богатство, складиште за храна или вода.

2. Тајната ватиканска архива всушност не е тајна. Можете да ги погледнете документите кои се постари од 75 години, но за да влезете потребно е да доставите барање. Се претпоставува дека полиците се долги 84 километри.

3. Постои популарно верување дека Дизниленд има дозвола за точење алкохол по службеното затворање на паркот кога се случува вистинската забава. Постои едно место во Дизниленд каде можете да пиете алкохол секогаш, а тоа е Club 33 на плоштадот во Њу Орлеанс. За да станете негов член мора да платите $30.000 долари и да се запишете на листата на чекање од 14 години.

10-mesta-koi-nikogas-nema-da-gi-posetite-2

4. Московскиот Метро-2 е паралелна подземна железница во склоп на московското метро. Овој таен подземен лавиринт направен е уште од времето на Сталин под тајното име D-6, а за него информации имале само KGB. Наводно постојат 4 линии на длабочина од 50 до 200 метри, но постоењето на овој систем не е потврдено.

5. White’s Gentlemen’s Club е најексклузивниот англиски клуб познат по бизарните кладби. Еднаш се кладеле во 3.000 фунти која капка дожд прва ќе се слизне од прозорот. За жените не е отворен, а мажите можат да станат членови ако ги повика некој од клубот, и само ако имате кралска крв или сте моќен политичар или уметник.

6. Area 51 е популарно име за воена база во Невада која е сместена на таен аеродром и е чувана од бројно обезбедување затоа што се развиле бројни теории за завери.

10-mesta-koi-nikogas-nema-da-gi-posetite-3

7. Room 39 е најтајната организација во Северна Кореја. Се шпекулира дека има 10 до 20 сметки во Кина и Швајцарија и се занимава со перење пари и други илегални трансакции. Нејзините членови се врзани со шверц на дрога и оружје.

8. Ise во Јапонија е најсвето место во оваа азиска држава и е посветено на божицата на сонцето Аматерасу. Храмот се руши и гради на секои 20 години. Единствена личност која може да влезе во него е свештеник кој мора да биде член на царско јапонско семејство.

9. Mount Weather Emergency Operations Center е место каде владата на САД и уште неколку одбрани ќе мораат да побегнат за да се спасат од крајот на светот.

10. RAF Menwith Hill е британска воена база со глобална ECHELON шпионска мрежа. Ова место поседува екстензивна сателитска станица која испраќа предупредувања и е опишана како најголема електронска станица за мониторинг на светот.

Преземено од: https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/4176-10-mesta-koi-nikogas-nema-da-gi-posetite

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!