13.01.2021

Вила на Маврово со романтичен поглед и топла атмосфера

Вила на Маврово со романтичен поглед и топла атмосфера

Еј друштво, како што и ви ветивме! Продолжуваме со надополнување на нашата база со приватни сместувања низ Македонија. Еко Кајак.мк ве запознава со најубавите приватни сместувачки капацитети на Маврово и околината, а воедно ви дава можност да резервирате за вас и вашите најблиски.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Фадил Зендели. Сопруг и татко на две деца, кој вели дека го посветил живото да изгради вакво сместување кое ќе биде воедно и нивен мал фамилијарен бизнис.

Вилата Ризанди се наоѓа на Маврово, во неа има три соби за спиење, една дневна соба со опремена кујна, греењето е централно со систем преку каминот. Предноста на вилата е што располага со прекрасен погед кон Мавровско езеро, а има и прекрасен двор каде се наоѓа скара за гостите.

При секое запознавање со сместувачките капацитети на Маврово, еко-концептот на Кајак.мк има цел да ве запознае и со атрактивни туристички локации кои ќе ви го направат вашиот одмор активен.

Наш предлог, за оние храбрите туристи, е посетата на Корапскиот Водопад(Пројфелски Водопад) кој е водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Но и доколку тој не тече, сепак регионот е прекрасен за посета. 

Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м. Планинарењето реалзирајте го исклучиво со планинарски водич.


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, ФОТОГРАФИИ И КОНАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ВИЛАТА МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!