14.07.2021

Уникатна вила на брегот на Охридското езеро

Уникатна вила на брегот на Охридското езеро

Еј друштво! Дали ви треба пауза од работа? Можеби неколку дена да побегнете во вила која се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро? Доколку и вие размислувате ко нас, тогаш наш совет е да резервирате престој во вила Десанка.

Среќни сме што денес ве запознaваме со домаќината Ивана, која ги отвори вратите од својата вила за светот на Кајак.мк. Нејзината вила се наоѓа во населбата Езерски Лозја која е помеѓу Струга и Охрид. Од градот Охрид е оддалечена 10 километри, а од Струга е 4 километри.


Овој објект е лоциран на самиот брег на Охридското Езеро, со панорамски поглед на езерото. За вилата може да кажеме дека ќе ве плени со раскошната природа и гостопримливост. Вила Десанка работи скоро 30 години, а низ годините таа создава приказна во која главен акцент се става на едно поинакво патување, велат домаќините.


Таа е сплет од  трацидионалното и модерното. За патувачите кои бараат мир и тишина, вилата го нуди спокојот во раскошната градина со автентичен амбиент, многу цвекиќа и зеленило.

Вилата е на самиот брег на езерото, со уредена плажа пред вилата (слободна за влез, без лежалки и чадори). Водата е чиста, со постепена длабочина погодна за капење на деца. На неколку минути од вилата може да се стигне и до останатите плажи уредени со лежалки и сламени чадори.


За да биде уживањето уште поубаво, во дворот има неколку гарнитури со маси и клупи за седење, лежалки за сончање и  нишалка. Шеталиштето  до езерото од вилата ве води до патеката за пешачење и велосипеди и завршува во Струга.

На само неколку километри од Струга, со прекрасна местоположба, дозволува да бидете далеку од вревата и бучавата, а сепак блиску до културните случувања и настани. Во непосредна близина на вилата се наоѓа ресторан, две продавници, АС кампот, Еуротел, патека за пешачење до Струга, патека за велосипеди до Струга.


За љубителите на активниот туризам, вилата е одлична појдовна точка за посета на Вевчани, Радожда, Националниот Парк Галичица, планината Јабланица и многу други. Од културните настани, овде се: Струшките вечери на поезијата, ДримОн фестивалот, Езерски бисери, Green Beach фестивалот и спортскиот натпревар Struga Poetry Run.

Ви звучи ова супер за еден активен одмор? Доколку сакате повеќе информации, контакт и фотографии, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Aleksandar Kuseski

    14.07.2021 13:10

    Kolku e cenata od nokevanje?

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија