17.03.2020

Холанѓаните во редици за марихуана, владата нареди затворање на кофи-шоповите

Холанѓаните во редици за марихуана, владата нареди затворање на кофи-шоповите

Десетици муштерии стојат во редовите за да се снабдат со залихи пред затворањето на кафулињата со марихуана кои можеби со недели нема да ги отворат своите врати, пишува мкд.мк

Популарните холандски кафулиња станаа дел од националниот имиџ во странство како и секс-клубовите во амстердамскиот кварт на црвени фенери, на кои исто така им е наложено да затворат до 18 часот, како и останатите барови и ресторани.


Queue at Amsterdam Coffeeshops after govt announced additional measures to close them from today until April due to

„Можеби во следните два месеци нема да можеме да набавиме марихуана, така што би било фино да имаме барем малку дома“, вели Холанѓанецот Џонатан пред кофи-шоп во Хаг.

Редовите се создале само неколку минути откако холандските министри за здравје и образование на конференција за медиумите најавија затворање на голем број комерцијални објекти, како и сите училишта во државата.

Слични сцени има низ целата земја, а на социјалните мрежи се објавуваат редиците во главниот град Амстердам и универзитетскиот град Утрехт.

Редиците за купување марихуана се создадоа и покрај тоа што холандскиот министер за здравство на конференција за медиумите вчера порача дека нема потреба од создавање големи резерви.

Извор: https://www.mkd.mk/

СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО КРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СО ЕДЕН КЛИК ОВДE.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!