27.07.2021
На моите гости им овозможувам да јадат од Галичица
На моите гости им овозможувам да јадат од Галичица
Хероината за која сме пишувале доста, а која го носи името Наташа Неданоска од денеска е дел од базата на Кајак.мк во новата категорија „Гастрономија“, каде може да резервирате гастрономско искуство во нејзиниот летен селски двор на планината Галичица.

Исто така, еко тимот на Кајак.мк ве информира дека започна со организирање на team building патувања. Доколку сакате да ги почувствувате и вкусите приказните кои ги пишуваме заедно со вашите колеги од работа, чувствувајте се слободни да го пополните формуларот и да ја добиете понудата според вашите барања. Формуларот може да го најдете со еден клик ОВДЕ.

Денешната дестинација која ќе ви ја преставиме е селското домаќинство „Пирустија Неданоски“ кое е сместено на планината Галичица. На само 3,5 km по асфалтен или друмски пат (пешки или со кола) во склоп на Национален парк Галичица и прекрасен поглед кон Охридско Езеро, сместено во типично рурална средина и недопрена природа.

Домаќинката Наташа вели дека ако ви е доста од
конвенционалности, препуштете се на спонтаност, а спонтаноста овде ја прави самата
природа и вкусната храна во која можете да уживате во текот на целиот ден.
Како специјалитети на куќата се домашно подготвени тестени јадења кои се печат на пирустија под сач. Единствено тука се нуди охридски ПРЕСНЕЦ и охридско КОШМИШПИТЕ кои домаќините ќе ги приготват пред вас. Секако, тука е неизбежниот комаТ под сач, но и не помалку атрактивните ПИТУЛИЦИ и ЃОМЛЕЗЕ.

Сигурно ве интересира што ја прави ова дестинација толку гастрономски
добра? Според тимот на Кајак.мк тоа се секако органската храна која самите тие
ја произведуваат на сопствената бавчичка
и во сопствената фарма.
Како за добредојде на гостите се служи традиционално слатко од бели цреши или брендираниот новитет од малини; интегрални грисини; свежа салата; тиквички, печурки, црн патлиџан; сирење; намаз од лук или наут; пинџур или сос од домати; сармички од лозов лист; домашна ракија или ликер; компоти, чај, домашен сок... сето ова за мезе додека домаќините го подготвуваат главното јадење;

Потоа трпезата се служи со главно јадење кое е по избор на
гостите. Овде се: *ПРЕСНЕЦ со праз или со домашно мелено месо;
*КОШМИШПИТЕ со сирење од локални фармери или наши соработници;
*КОМАТ под сач со фил по желба (праз, блитва, коприви, киселец, спанаќ,...) со
домашни селски јајца од природно хранети кокошки и сирење од локални фармери
или наши соработници;

Ексклузивитет по договор: динстано домашно (од сопствената
фарма) свинско месо потпечено под сач со сос од печурки;
Прилог +: домашно потквасено кисело млеко, домашно црно или
бело вино, компоти или сокови од вишни, дренки, рибизли...уште свежи салати;
И како за крај следува заблажувањето кое е вистинско изненадување. Старински охридски рецепто на некој сув или попарен колач кој добро оди со варено кафе.

Семејната камена куќа на Наташа се наоѓа во селото Рамне,
Охрид.
Сместена во селото веднаш до најголемата чешма со поглед кон Охридско Езеро. Сопствениците на „Пирустија Неданоски“ велат дека не се од оние млади луѓе кои ја напуштиле селската куќа. Напротив, тие вложиле во нејзина реставрација и доградба, каде си создале катче за уживање.

Домот „Пирустија Недановски“ нуди многу повеќе од гастроносмо уживање. Гостите кои ќе ги посетат ќе имаат можност да ја посетат нивната домашна фарма во која се одгледуваат кокошки, потполошки, кучиња, зајаци, прасиња, патки и кози. Секој гостин може да ги гали, храни и фотографира со животните.

Наташа вели дека гостите
обожаваат да се на прошетка низ нивната бавча. Покрај внатрешноста на имотот интересни
за посета се и селската црква и трите чешми кои бликаат со ладна изворска летничка
вода. Недалеку од домот има место за шумски прошетки кои водат до селските лозја.
Повеќе информации
и контакт од домаќините можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.