19.01.2021
Вилата на Попова Шапка изолирана со огромни елки е достапна за изнајмување
Вилата на Попова Шапка изолирана со огромни елки е достапна за изнајмување
Еј друштво патувачи! Кајак.мк ве запознава со една доста уникатна вила која има типичен планински ентериер, а надворешниот изглед не можете ни да го забележите бидејќи вилата е целосно изолирана со високи планински елки. Поубаво чувство не може да има. Нели?
Вилата се наоѓа на Попова Шапка, ски центар кој во моментот има масовна посетеност од страна на македонските туристи. Ски центар кој прв ја започна својата работа ова година, а во моментот функционира беспрекорно.
Јануари, февруари и март се месеците кога треба да ја посетите Попова Шапка, совет од Кајак.мк е доколку сакате да престојувате таму, резервација да извршите уште денеска, бидејќи капацитетите на ски центрите се исполнуваат со добра динамика.
За они кои се уште бараат сместување, ние ви ја преставуваме вилата 156, која се наоѓа во ски населбата на Попова Шапка, а која вила за нас е одлична за бегство од градскиот метеж.
Внатрешното уредување на вилата е од дрво, како што и доликува на една планинска куќа. Вилата има два спрата, а на вториот спрат има пространа тераса на која може да уживате со вашето кафе или топол чај. 
Она што нам ни се допаѓа е фактот дека вилата е оддалечена само 600 метри од скијачките терени. Недалеку од вилата има рестора и кафуле, идеални места за исполнување на слободното време. 
Престојувањето на Попова Шапка е незаменливо деновиве кога има снег. Прекрасните пејсажи, прекрасниот панорамски поглед кон ски стазите кои сјаат од сонцето се она што треба да ве купи за да резервирате престојување овде.
| Доколку сакате повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!