11.10.2020

Ова е Јабланица: Предизвик висок 2257 метри

Ова е Јабланица: Предизвик висок 2257 метри

Нов еко-предизвик од единствениот туристички сервер Кајак.мк

Предизвик е да се посети Јабланица. За некои туристи, алпинисит и планиари најувабата планина во Македонија. За оние пак кои постојано ги следат нашите предизвици за патување, еве уште еден предизвик: Искачување на врвот на Црн Камен висок 2257 метри.

Фотографиите коишто ги споделуваме со вас се фотографии од Горан Папаз, кој самоиницијативно го освои највисокиот врв. Па зошто да не го освоите и вие? 

Што треба да знаете пред да ја посетите ова планина. Јабланица е една од 13-те планини кои се повисоки од 2000 метри. Поделена е со границата Македонија-Албанија. 

Источниот дел и припаѓа на Македонија, дел кој има привлечност. Она што ќе ви остане во сеќавање по посетата се прекрасните глацијални езера, брзите планински реки и одличната глетка. Во лето климата е свежа, во зима има чести, понекогаш и обилни врнежи од снег, чија покривка досигнува и над 2 метри, а снегот се задржува од ноември или декември до март или април. 

Шумата е дабова, костенова и огромни комплекси на густа букова шума, а на одредени места има четинарски шуми. Шумите се искачуваат до околу 1800 м надморска височина, а над нив се планинските пасишта.

Јабланица има исклучително разновиден животински свет. Така, од крупните животни се застапени мечки, волци, лисици, елени, диви свињи, зајаци, срни, па дури и Балканскиот рис, кој го има само на уште 3-4 планини во Македонија и тоа со по неколку единки.

Веќе на околу 1800 м кај што завршуваат шумите и почнуваат „голините“ се отвора неверојатна глетка. Секако, особен предизвик е искачувањето на највисокиот врв Црн Камен (2257 м). 

За сите неискусни планинари или луѓе кои досега немаат стапнато на планина, тимот на Кајак.мк ве советува да не планинарете сами, туку да изнајмите професионален планинарски водич кој добро ја владее ова планина. 


Нашиот тим постојано ве потсетува не едно најбитно: Посенете со вас кеси во кои ќе го чувате вашиот отпадок и вратите назад во градот и фрлите во соодветни канти за отпадоци. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.