12.07.2022

Тим билдинг со многу енергија, авантура и поддршка на локалната економија

Тим билдинг со многу енергија, авантура и поддршка на локалната економија

Локалната мештанка Јорданка која цели 40 години е дел во кујната на „Виа Игнатиа“ во Вевчани имаше чест да им оддржи лекција во готвење на младите вработени од компанијата „Panteleon GS“, кои својот тим билдинг го започнаа со истражување на Вевчани и дегустирање на вкусната локална храна. Ваквите моменти преку кои им овозможуваме на локалните херои да го покажат своето знаење за нас е битен фактор во зачувувањето и промоцијата на она кое ние умееме да го наречеме „Традиција“.


Вевчанските извори и „Виа Игнатиа“ ни беа само попатни дестинации во тим-билдинг агендата која траеше цели три дена, а преку која агенда компанијата „Panteleon GS“ даде дирекна поддршка на локалната економија и им даде дирекната поддршка на локалците кои својот живот го посветиле на туризмот.

Првиот ден го заокруживме со забава на брод на Охридско езеро, за кој настан сметаме дека и доликува на дестинација која е дирекна мета на светскиот туризам и која треба да докаже дека Охрид има што да понуди во секое време.


Вториот ден исто така, имавме можност да уживаме и да „плажираме“ со нашиот познат Ѓоко Танески, човекот за кој секогаш велиме дека е добар избор за сите генерации и на кој му симнуваме капа за сето она коешто го има досега создадено.


Кога сме кај забавниот дел од програмата, јаготката на шлагот беше латино забавата на која имавме можност да ги научиме основните чекори од Кате, жената која го има посветено својот живот во чекорењето по латино нотите.


Што се однесува од истроискиот аспект во програмата, истражувањето на градот Охрид и прошетката низ манастирскиот комплекс на Свети Наум се неизбежи моменти за сите компании, а свежата риба со чаша македонско вино на сплав на изворите во националниот парк „Галичица“ отвораат простор за добар лаф-муабет за сите предизвици и се она што ја очекува компанијата во иднина.


Три дена исполнети со авантура, другарување и секако многу насмевки. Тимот на Кајак.мк се радува што компанија како „Panteleon GS“ од денеска е дел од нашето еко- семејство, а која компанија преку својот тим-билдинг донираше 1000 дрвца за пошумување за време на есенската сеидба.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од настанот кликнете ОВДЕ, а доколку сакате да ни испратите барање за да ви организираме и вам поинакво патување низ Македонија или надвор од неа кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.