16.10.2020
Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа
Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа
Светото денеска го одбележува интернационалниот ден на храната. Македонија е позната по својата добра храна, а доколку запрашате странски турист кој ја посетил нашата земја, со сигурност ќе слушнете како ја фали нашата кујна. Зошто странските туристи ја обожаваат македонската кујна? Што е тоа по кое Македонија е позната на светската туристичка гастрономска мапа. Тимот на Кајак.мк денеска нема да филозофира, ами ќе ви сподели како другите гледат на нашата кујна.
„TasteAtlas“ е интернет стрница наменета за туристи кои пред се добри гурмани. На Taste Atlas може да се најдат сите специјалитети по кои една земја е позната. Како туристички сервер се надеваме дека многумина од вас за првпат ќе се соочат со имиња на македонски специјалитети. Со тоа што во моментот ни е забратено да патуваме надвор од државата, ние се надеваме дека ќе направите една добра туристичка обиколка на нашата земја и ќе дегустирате од се по нешто.
Татлија- Препорачано од Кајак.мк во Радовиш
Татлија е вид на ориентално слатко, од пченичен гриз, попарена со шербет. Вкусот на татлијата е сличен со оној на баклавата. Татлиите имаат повеќе варијанти и вообичаено содржат: брашно, млеко, масло, сечкани ореви и суво грозје, прелив од сируп од шеќер.
Слатко од смокви- Препорачано во Гевгелија
Слаткото од смокви е благ десерт кој се приготвува од смокви. Смоквите се лупат и се ставаат во вода за подоцна да се додаде шеќер. Се комбинира и со други овошја.
Пастрмалија- Препорачана од Кајак.мк во Штип/Радовиш
Пастрмалија е македонски специјален вид на пита направен од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавеста форма со сецкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.
Крушевски локум- Препорачано во Крушево
Подготовката на крушевскиот локум е тајна. Треба едноставно да се појде и проба.
Лапа- Препорачано во Кочани
Лапа — специјалитет од ориз, вода и афионово семе (мак). Се смета за својствен на кочанскиот регион во Македонија. Карактеристично за подготовка на лапата е што се користат скршени оризови зрна (уфак) што овозможува, по варењето, оризот воопшто да не се забележува, односно се добива еднолична смеса.![]()
Мелаз’к- Препорачано во Куманово
Специјалитет од кукурек и јагнешки желудци исецкани на парчиња. Се поселуваат и забиберуваат. Јагнешките црева (кукурекот) и желудците увалкани во брашно и испржени во истата тава каде се пржеше месото и дробовите.
Симит погача- Препорачана во Скопје
Симит-погача — јадење односно печиво од тесто во вид на сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна (празна) пита без заире - полнење (сирење, месо или слично), која наликува на бурек. Потеклото на името е од турските зборови: симит кое се однесува на месеното лепче и погача кое се однесува на питата која се става во внатрешноста на лепчето. Бидејќи симитот е вид на месено лебно печиво, ваквиот вид на симит погача е препознатлив за Скопје, па оттаму е познат и како скопски симит, додека обичниот симит во Турција е месеното лепче налик на македонскиот ѓеврек.
ПРОДОЛЖЕТЕ НА ВТОРАТА СТРАНИЦА СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.