19.11.2020
Ова не е Норвешка, ова се Салаковските езера: Активен викенд и истражување!
Ова не е Норвешка, ова се Салаковските езера: Активен викенд и истражување!
Ноември е прилично сув месец во Македонија, но тоа не значи дека не треба да понесете опрема со вас доколку појдете на планина. Нашиот тим ве советува пред секое планинарење да се консултирате со водич кој добро ја познава планината, а и да побарате тој да ви ја организира турата. За денеска имаме едно одлично место кое треба да биде задолжително на вашата листа. 
Во централниот дел на Република Македонија, се наоѓа еден од најубавите планински масиви во нашата земја. Масивот Јакупица, познат уште како и масив Мокра се состои од повеќе планински целини. На Мокра има доста уникатни места кои вреди да ги посетите, а денеска ве запознаваме со горските очи или салаковските езера. Пред да прочитате некоја информација повеќе и начини на кои може да го ги посетите, важно е да напоменеме дека „апетитот“ за да ги споделиме со вас овие прекрасни езерца ни дојде од фотографиите една доста амбициозна и авантурист девојка која на инстаграм е позната како @marulka_987 каде споделува преубави места кои вреди да ги посетитие. 
До Салаковските езера може да се дојде од повеќе населени места: Црн Врв од север, Алдинци (пл.дом Караџица) од североисток, Тажево и Белица (Порече) од југозапад и Патишка Река од северозапад.
Малото Салаковско Езеро се наoѓа во северозападниот дел од Салаковскиот цирк на надморска височина од 2.171 метри. Зафаќа површина од 850 метри кв., а неговата максимална длабочина изнесува 2,5 метри. Големото Салаковско Езеро го завзема југоисточниот дел од Салаковскиот цирк и се наоѓа на надморска височина од 2.170 метри.
Текст инфо: https://www.igeografija.mk/
Тимот на Кајак.мк ве советува да го искористите сонцето и да се подготвите за една добра еднодневна тура која може да ја организирате со искусни планинарски водичи кои знаат да ја владеат планината.
Свежиот воздух, сончевото време и ширините на планините се она кое треба во моментот да го искористиме во борба против депресијата и стресот кој ни го наметнува пандемијата. Ова прекрасна активност има многу предности, меѓутоа не се изложувајте на ризик да ги реализирате сами. Во нашата земја има доста врвни планинарски водичи кои во моментот ја очекуваат нашата поддршка.
А дали знаете дека ние имаме база со над 50 приватни сместувања? Кајак.мк расте како туристички сервер! Сите сместувања можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!