04.02.2024

Во близина на селото Клечовце се наоѓа рибниот ресторан Фрателис Визиана

Во близина на селото Клечовце се наоѓа рибниот ресторан Фрателис Визиана

Доколку размислувате каде да го поминете вашиот слободен викенд и да вкусите нови специјалитети, тимот на Кајак.мк ве информира дека во нашата база на „Гастрономија“ ќе најдете еден куп уникатни гастро дестинации на кои можете да уживате со вашите најблиски.


Нашата цел е до самиот последен ден од постоењето на Кајак.мк како информативно-туристичка платформа да ве запознаеме со сите дестинации во Македонија, кои за нас значат туризам.

Денеска ве водиме во селото Клечовце, кое селце се наоѓа во околината на Младо Нагоричане или на околу половина час возење од Куманово. Во регионот на Клечовце ќе најдете многу атракции кои може да го исполнат вашиот ден, овде се наоѓа коњичкиот клуб „Виспер“, како и селското домаќинство Невена. Во нашата база на приватни сместувања ќе најдете и сместувања во овој регион кои дел од нив имаат приватни базени, а дел опкружени со зеленило и шума.


Овде се наоѓа и рибниот ресторан Фрателис Визиана кој е сместен во близина на изворот Визиана, во прекрасен амбиент изграден како ранч со прекрасно хортикултурно уредување. За луѓето кои сакаат пролетно време и зеленило, ова дестинација ќе им се виде како вистински рај на земјата. Како рибен ресторан, најпознати специјалитети овде се цементиран сом и крап, како и белата пастрмка приготвена на скара.

За точната локација, повеќе фотографии како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!