05.03.2020
Поради загадување на воздухот, живееме во просек три години пократко
Поради загадување на воздухот, живееме во просек три години пократко
Пандемијата на загадување на воздухот просечно го скратува животниот век за речиси три години и предизвикува 8,8 милиони прерана смрт годишно, велат германските научници.
Отстранувањето на токсичен коктел од молекули и честички што ги „затнуваат“ белите дробови, а кои се резултат на согорувањето на нафта, гас и јаглен, би вратиле во просек цела година, според трудот објавен во списанието „Кардиоваскулар рисерч“.
„Загадувањето на воздухот е поголем ризик за здравјето на луѓето од пушењето“, рече шефот на истражувањето Џос Леливелд од Институтот „Макс Планк“ во Мајнц, Германија, за АФП.
„Многу може да се избегне со замена на фосилните горива со чиста обновлива енергија“.
Споредено со другите причини за предвремена смрт, загадувањето на воздухот убива 19 пати поголем број луѓе годишно отколку маларијата, девет пати повеќе од ХИВ / СИДА и три пати повеќе луѓе отколку алкохолот, покажала студијата.
Срцевите заболувања и мозочниот удар се одговорни за речиси половина од овие смртни случаи, а белодробните заболувања и другите незаразни болести како што се дијабетесот и високиот крвен притисок претставуваат најголем дел од останатите смртни случаи.
Најтешко погоден регион е Азија, каде што просечниот животен век е намален за 4,1 години во Кина; 3,9 години во Индија и 3,8 години во Пакистан.
Меѓу европските земји најголемо загадување на воздухот има во Бугарија, Унгарија и Романија.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.