21.07.2020
Хотелот Дипломат Плус во Охрид нуди многу повеќе за вашиот ваучер
Хотелот Дипломат Плус во Охрид нуди многу повеќе за вашиот ваучер
За сите дополнителни информации и резервации јавете се на 070/365-406.
Сакате да резервирате без ваучер. Можете дирекно преку нас со еден клик ОВДЕ
Тимот на Кајак.мк денеска ви го претставува хотелот Дипломат Плус кој во споредба со цените коишто ги направивме и доколку се земе фактот дека токму овде можете да ги искористите вашите ваучери, сметаме дека хотелот е „ОДЛИЧЕН ПОГОДОК“ за одмарање во Охрид. Она што нам ни се допадна е оддалеченоста од брегот на Охридското езеро која е само 150 метри, што дава до знаење дека секое зајдисонце ќе можеме да го проследиме овде. Знаете и самите дека сакаме зајдисонца, така?

За да биде приказната уште подобра, слушнете за утрата. Овде утрата се чекаат на најгорниот спрат од хотелот каде воедно се наоѓа и ресторанот каде се служи вашиот утрински појадок и првото охридско кафе. Поглед кон град кој дише историја.
За патниците коишто сакаат да одморат глава од метежот на работата и му пружат отпор на стресот од целокупниот „ковид период“ може да се каже дека хотелот ќе ги задоволи нивните барања.

Одалеченоста од централното градско подрачје и туристичкиот метеж е на еден километар. Хотелските соби се просторни и пријатни, а поседуваат и балкони. Интернетот е бесплатен, а во сите соби има и кабловска телевизија, клима уреди, фрижидер и фен во бањата. За пријатната атмосфера во собите секојдневно се грижат лица за оддржување на хигиена.
Хотелот располага и со сопствен бар со убава тераса, релаксирано катче за ноќен разговор.
Стигнавме до делот кој посебен акцент ќе му ставаат љубителите на релаксираниот стил на живеење. Во самиот хотел на приземје се наоѓа салон за убавина кој поседува инфра-ред и финска сауна, кои може да се доплатат и да бидат во користење на гостите. Хотелот секако дека располага и со лифт, што го прави идеален за поврозрасни патници и за лицата со инвалидитет.

За возачите, битно е да напоменеме дека хотелот има место за слободен паркинг, а пак за љубителите на авантури треба да се потенцира дека менаџментот располага со понуди на екскурзии и тури со автомобили и велосипеди.
Во прилог ценовникот на хотелот, за лицата со или без ваучери:
Хотел “Дипломат Плус“ е регистриран на платформата “Дома си е дома“ и према тоа и гостите добитници на ваучер од Министерство за економија се добредојдени во хотелот каде покрај бесплатниот паркинг и бесплатниот пристап до интернет мрежа со која е покриен целиот хотел, гостите може да ги користат и следните услуги:
Услуга: Ноќевање со појадок за 2 лица- 21 Еур по лице на ден
Услуга: Полупансион за 2 лица- 25 Еур по лице на ден
Услуга: Полн пансион за 2 лица- 29 Еур по лице на ден
Деца 0-6 години- Бесплатно
Деца 7-12 години- 50% попуст
Хотелот ги следи сите препораки и мерки за заштита од Ковид-19 на нашите гости, но и за заштита на самиот персонал.
Сакате да резервирате без ваучер. Можете дирекно преку нас со еден клик ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.