04.11.2023

Пространа вила со базен во село Лешани идеална за самоизолација

Пространа вила со базен во село Лешани идеална за самоизолација

Во базата на Кајак.мк ни пристигнува една доста уникатна вила, на уште поуникатна дестинација. Идеална е за патувачите кои сакаат да се изолираат од хаосот и секојдневието.Вилата се наоѓа во село Лешани, Дебарца, за оние кои не слушнале за ова селце, треба да знаат дека е оддалечено на 30 километри од градот Охрид.


Прво нешто кое патувачите и читателите на Кајак.мк го поставуваат кога ќе прочитат за сместување во некое ново село е: Што би правеле овде?

Тимот на Кајак.мк ве советува дека овде може да ја посетите прекрасната Илинска планина која се наоѓа на 1600 метри надморска височина, прекрасната природа на Мазатар како и Сталев камен. Во селото Лешани може да го посетите единствениот манастир на балканскиот полуостров кој е посветен на сите светци, познат меѓу народот како Си Свети.


Овде постои можност за изнајмување на 2 атв мотори или 2 џип сафари возила.

Прекрасната природа, планините кои можете да ги посетите и планинскиот воздух се причината поради која треба да погледнете повеќе информации за сместувањето и да извршите резервација. За повеќе инфо, телефонски број за контакт и фотографии кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!