17.12.2020

Вилата „View“ на Пелистер е идеална за изолација на планина!

Вилата „View“ на Пелистер е идеална за изолација на планина!

Доаѓа викенд, а со тоа и прашањето, каде да го одведеме нашето семејство. Месеците кои се пред нас ви препорачуваме да ги поминете на планина, каде чистиот воздух е предност во одност на големите градови ширум државата. 

Пелистер може да се пофали со доста добра зимска идила, земајќи го предвид фактот дека на ова планина приватните сместувања се прилично оддалечени една од друга. 

Објект која е доста добро изолиран од останатите приватни сместувања е вилата „View“. Ова вила се наоѓа на доста тивка локација, а имате предвид дека на радиус од 250 метри нема соседство. 

Сепак пред да ве запознаеме со вилата, мора да има причина поради која би требало да го посетите овој регион. И самите веќе сте добро запознаени со фактото дека нашиот тим му дава огромно значење на вистинскиот поим за туризам, односно, активниот туризам, спортувањето, дегустирањето на храна и ред други работи кои се со цел да им дадат поддршка на локалните бизниси.

Кога веќе се качуваме на Пелистер, треба да знаеме дека на ова планина се наоѓа ски лифтот „Ниже Поле“. 

Ски центарот е сместен во падините на Баба Планина, лоциран над селото Нижополе на надморска висина од 1.300 m н.в. до 1.610 m н.в. и со градот Битола е поврзан со асфалтен пат со должина од 15 km.

Ски центарот “Нижополе” располага со следниве перформанси:

- Три ски лифтови со вкупна должина од  2.150 метри и капацитет од 3.000 патници на час.

- Можност за скијање на висина од 1.300 до 1.610 метри надморска височина

- Професионална подготовка на патеките со помош на 3 ратрак машини

- Должина на скијачките патеки под жичниците околу 5.500 м. а должина на ски

- Кафе бар (бачило) долж ски патеките( со работно време секој ден од 08:00 - 16:00 h)

- Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април

- Соработка со ски и сноуборд школа SSNL во која работат врвни ски инструктори

- Патеки за почетници и за напредни скијачи


Вилата View e oддалечена е околу 6 километри од ски лифтот на „Ниже Поле“, а 4.2 километри од патот за големото езеро, 500 метри од манастирот Света Петка. 

Доколку саката да прочитате повеќе информации за вилата, да погледнете фотографии и да извршите резервација, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица