22.06.2022

Скриена вила на Кожуф во која секој би сакал да престојува

Скриена вила на Кожуф во која секој би сакал да престојува

Над 310 сместувања достапни во базата на Кајак.мк кои можете дирекно да ги резервирате и да побегнете без никој да не ве дознае. Денеска тимот на Кајак.мк го приклучува 311-то сместување кое е идеално за друштва и фамилии кои бараат приватност, чист планински воздух, слобода и активности во природа.


Домаќинот Оливер ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк, кое сместување ние сме ексклузивните кое ви го претставуваат и Ви овозможуваат уште една опција повеќе за престој.


Оливер вели дека сместувањето е опколено со велосипедски терени, се наоѓа во туристичката област „Михајлово“ каде можете да добиете чист планински воздух, да уживате во зеленилото кое ве опкружува преку лето, а во зима со многу снег.


Ова уникатна планинска вила има три спални соби, што ви дава можност да отпатувате со цело друштво на викенд или пак да ја преселите вашата он-лајн канцеларија на подолг период. Зошто да не?

Домаќините велат дека во неа може да престојуваат и до 13 лица.


Вилата се наоѓа на надморска височина од 1200 метри, максималната температура која има достигнато овде е 28 степени што ви укажува на тоа дека летните ноќи се прекрасни за одмор во права смисла, а деновите се идеални да ги искорисите пешачејќи по планинарските патеки кои дел од нив водат до локалното одморалиште каде имате ресторан, спортски игралишта и детски реквизити. За оние кои размислуваат дали да престојуваат во нашата нова вила, ќе ги убедиме со тоа што ќе ви кажеме дека до самата вила има асфалтиран пат, а вилата дозволува влез и на домашни миленици.

Сигурно сакате повеќе фотографии, информации и контакт за резервации? Доколку одговорот е ДА, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Dejan

    31.01.2024 14:36

    Pocituvani, Dali mozeme da se slusneme vo vrska so vikendicata? Mojot kontakt e 075304405

  • Dejan

    29.06.2022 22:48

    Dali mozeme da dobieme kontakt vo vrska so ovaa vila?

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија