01.02.2022
Апартман во Крушево достапен за сечиј џеб
Апартман во Крушево достапен за сечиј џеб
Уште едни домаќини од Крушево ги отворија вратите за светот на Кајак.мк. Овојпат станува збор за апартмани кои може да си ги дозволи секој патувач и цената за престој одговара на сечиј џеб. Апартманите се наоѓаат на одлична местоположба за истражување на градот и околината.

Денес кога Крушево е обелено со снежна покривка на располагање е ски центарот до каде може да се стигне со жичарницата која е недалеку од сместувањето, а вашиот автомобил може да го паркирате во дворчето на апартманот и да остане таму се до враќањето дома.

Домаќините велат дека ова сместување е идеално за семејства кои имаат намера да ги прошетат своите деца низ крушевската корија, да го посетат ски центарот и да уживаат во снегот. Но истот така ова сместување е идеално за љубители на активниот туризам бидејќи во Крушево има како да се пополни слободното време.

Апартманот има централно греење што значи дека е топол во текот на целиот престој. Опремена кујна, купатило и среден двор. Тоа е она што е најпотребно за едно добро патување.

Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.