20.12.2021

„Отцепена“ планинска викендица достапна за изнајмување

„Отцепена“ планинска викендица достапна за изнајмување

На платформата на Кајак.мк може да наидете на многу објекти кои се идеални за бегство и каде апсолутно никој не може да ве пронајде. Отцепени од градскиот метеж, хаосот и гужвата, овие викендици се идеални за луѓето кои бараат секаков начин за да одморат глава од напорната работа.


Интересно е што се повеќе патувачи бараат планински викендици на подолг период се со цел да го почуствуваат животот на планина. Денеска ќе ве запознаеме со вилата Лисината која е вистински предизвик за луѓето кои се хронични приврзаници за мобилните телефони. 

Вилата се наоѓа на 12 километри од Берово или пак на 4 километри над Беровското езеро, покрај самиот пат кон граничниот премин Клепало. 

Вилата располага со 3 спални соби од кои 2 од нив се со брачен кревет, а третата спална соба е со 2 поединечни кревети.


Зошто велиме дека ова вила е предизвик за оние кои се опседнати од интернетот. Ова вила нема Wi-Fi, а долгиот престој овде може да влијае на вашиот мобилен интернет. Звучи примамливо нели? 

Домаќинот Ѓорѓи вели дека пред самата вила тече мала рекичка, а вилата е опколена со густа букова и борова шума.

Можеби дел од вас го разбравте насловот на погрешен начин, па затоа мора да ви потенцираме дека до вилата има асфалтен пат, но она што ја прави ова вила отцепена е фактот дека околу неа нема друг изграден објект. 


Вилата е идеална за луѓето кои се вљубеници на пешачењето и уживањето во природа. Вилата има чиста природна изворска вода за пиење. Она што треба да го знаете е дека најблискиот ресторан е на 3 километри оддалеченост.

Дали ви звучи предизвикувачки да престојувате овде? Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Елена Николова

    20.12.2021 21:51

    Зависник од телефон, така што една ваква рехабилитација би ми била добредојдена.

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.