21.06.2020
Од утре на полноќ- Албанија и Црна Гора повторно ги затвораат границите
Од утре на полноќ- Албанија и Црна Гора повторно ги затвораат границите
Црна Гора повторно ја затвора копнената граница со Албанија, поради зголемениот број на новозаразени со Ковид -19, соопшти албанското Министерство за Европа и надворешни работи, пишува ммс.мк
Во соопштението стои дека овој режим започнува на полноќ в недела, 21 јуни 2020 година, и важи до следната одлука на Главниот кризен штаб во Подгорица. Штабот на црногорската влада одлучи да го преразгледа списокот на земји на кои ќе им се дозволи да влезат на нејзината територија, како дел од борбата против пандемијата со коронавирусот. По проценката за состојбата со опасниот вирус во Албанија, донесена е одлуката за повторно затворање на границата со нашата земја, стои во соопштението на албанското министерство.
Од оваа одлука се изземаат здравствени работници, медицински истражувачи, лица кои се занимаваат со превоз на стока и друг транспорт, дипломати, персонал на меѓународни организации, воен персонал и хуманитарни работници, специјални категории на патници во транзит и лица на кои им е потребна меѓународна заштита во Црна Гора или од други хуманитарни причини.
Извор: https://mms.mk/
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!