26.01.2026
Еден тим билдинг со 4 работилници
Еден тим билдинг со 4 работилници
Тимот на Кајак.мк е искрено среќен што официјално ја отвори 2026-та година со еден навистина успешен тим билдинг настан, реализиран и покрај наносите од снег на улиците и отежнатиот превоз. Кога има желба, енергија и вистински луѓе – ниту зимата не е пречка.
Сите уникатни моменти секогаш ќе се паметат, а овој јануари ни подари токму такви спомени.

Годината на тим билдинг настани ја започнавме со реализација на четири автентични работилници, исполнети со креативност, традиција и заедништво. Учесниците имаа можност да се запознаат со светот на микробилките, да учествуваат на час по готвење на селско јадење, кое заврши во фурна и беше послужено на заедничка трпеза за ручек, да месат и обликуваат на работилница со македонски тестенини, како и да се забавуваат на работилницата за декорирање на бардачиња, симболично наречена „Свадба е голема“.

Јануари е студен, непредвидлив и снежен месец, но за нас беше месец на топли моменти, насмевки и еден навистина необичен и успешен старт на годината.
Голема благодарност до Гете Институт за укажаната доверба, позитивната енергија и прекрасната атмосфера која ни ја донесоа токму во срцето на зимата.
2026 започна онака како што најмногу сакаме – со луѓе, приказни и искуства што се паметат.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!