14.02.2021

Се запознавме на патување, а сега заедно истражуваме дестинации

Се запознавме на патување, а сега заедно истражуваме дестинации

Дека љубовта и патувањето може да бидат едно, говори нашата приказна која ја објавуваме денеска на 14-ти февруари, денот на виното и љубовта, а се однесува за парот кој на инстаграм профилот се води како @adventure.mk.

Тимот на Кајак.мк ви ја раскажува едната страна љубовната страна на денот, а во текот на денот ќе ви сподели уште една приказна поврзана со лозарството и виното.


Adventure.mk се повеќе од промотори на убавината на Македонија. Тие се авантуристи и луѓе кои знаат како да ги ценат убавините на оваа земја. 

Станува збор за Мане и Ана. Мане по професија е машински инженер, конкретно правец моторни возила и тој е задолжен за сите технички работи поврзани со нивните патувања. Ана е студент на Архитектонски факултет при УКИМ и стои зад сите естетски работи позади нивниот профил.


Двајцата велат дека нив ги спојуваат лудите идеи. Секое тргнување е случка уште од старт, а Арон нивното куче е шлагот на сѐ тоа. Она што го сакаат и двајцата е дефинитивно мирот и уживањето за тие неколку денови додека патуваат. Избегнуваат гужви и збиени простори и избираат слобода. 

Секој патувачки пар има и свои различности. Кога праваат избор на следна локација Ана повеќе сака да ги посети сите околни атракции и да практикува набиена агенда, за разлика од Мане кој би одбрал само две од нив, од причина што сака целосно да го доживее духот на местото.


Ана и Мане се запознаваат за време на патување, на планина. Ова говори дека патувањето може да ве спои со многу луѓе, како на пријателски така и на љубовен план. Иако тоа не било класично патување, сепак се сретнале на исто место и во исто време. 

Како индивидуи патуваат и двајцата, но до одредена мера со потиснати чувства за она што навистина го сааат и им треба. Секогаш кога имате свои интереси можете да патувате и сами, не ви е потребно друштво, вели Ана. 


Adventure.mk го акцентираат Крушево како дестинација за љубовни парови. Според нив затоа што е секогаш магично и може да ги задоволи интересите на различни типови на парови. Кожуф, затоа што е непресушен извор на скриени убавини! Ова е must see за оние кои сакаат авантури. Љуботен, за храбрите кои ценат добар поглед од високо и за крај планинарскиот дом Чеплес, затоа што е љубов сам по себе.


Тие ги мотивираат сите парови коишто се постојано изолирани дома да си дадат шанса на себе и да се посветат на патувањето. Она што тие го дознале после многу патувања е дека секое место си има свој сјај и убавина и секое од нив ќе го паметат на посебен начин. Доколку сте активни и сакате движење, пробајте да извлечете максимум информации пред тргање.


Прво, ќе намалите на изгубено време додека сте таму и полесно ќе се снајдете и второ, ќе можете да си направите подобра организација за целото патување. Во случај да испадне некој план 5 до 12, не го откажувајте туку напротив, испаднете да истражувате, советуваат adventure.mk.



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!