03.10.2020
Куќа како од македонските народни приказни достапна за изнајмување во Мариово
Куќа како од македонските народни приказни достапна за изнајмување во Мариово
До Кајак.мк постојано пристигнуваат пораки со прашања за престој во рурални средини, села, планини, осамени вили, а ако го погледнеме надвор времето, може да се каже дека сега е иделано време да се започне со истражување на македонските планини и села, што значи дека и во право се сите патници коишто прашуваат. Нам тоа како тим многу не радува.

Затоа еве уште еден совет од тимот на Кајак.мк. Ова македонска куќа која се наоѓа на уште поафтентичен македонски регион- Мариово, може да биде ваша и во неа да го почуствувате шмекот на минатото.
Наш совет е да набавите зеленчук и овошје додека патувате кон Мариово, од локалните мештани, здраво и зрело. Да ги проверете сите факти за Мариово и места кои треба да се посетат, а ако сакате повеќе да дознаете за целиот регион, Кајак.мк има совети за тоа.
Љубителите на традиционални места со сигурност ќе се согласат со фактот дека сопствениците на Вила Делин, имаат вложено љубов во реновирањето и реконструкцијата на ова стара македонска куќа. Задржан афтентичниот дух на Мариово, но со преадаптација на внатрешниот амбиент за да ги задоволи потребите на гостите. 
Прошетката низ селото ќе ви даде една нова димензија, односно ќе ви даде до знаење како технологијата го променила светот за толку кратко време. Мирот и тишината во Мариово ќе ви раскажат многу повеќе. Исто така, ние ви препорачуваме да го консултирате сопственикот на објектот за да ви раскаже повеќе за историјата на ова куќа.
Сопственикот Михаел создал рурална туристичка атракција за развој на руралниот туризам. Куќата Делин се наоѓа во селото Витолиште, а без паника, до самата куќа се пристигнува по асфалтиран пат. 
Кајак.мк ја препорачува ова куќа за парови, соло авантуристи, семејства или поголеми групи. За сите љубители на животните и сопственици на кучиња, со радост ве информираме дека сопствениците го дозволуваат нивниот престој.
Информации и резервации на: 047 610 188
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.