15.07.2021
Вила со базен и поглед кон златното охридско зајдисонце
Вила со базен и поглед кон златното охридско зајдисонце
Изминатите денови мора да признаеме дека сонцето ги покажа своите заби. Сигурно и вие посакувате да сте на некое крајбрежје додека се враќате назад од работа. Она што како статистика го тврди тимот на Кајак.мк е дека пребарувањата на приватни сместувања кои се наоѓаат покрај вода или пак поседуваат приватни базени се зголемени за 35% во споредба со претходниот месец. Жешко е нели?

Ние како тим кој вешто ги наоѓа најдобрите и уникатни сместувања во Македонија може да се пофалиме дека од денес дел од базата на Кајак.мк е вила Стефан во Рача која располага со приватен базен покрај кој може да уживате во златното зајдисонце над Охрид.

Околу вилата има недопрена природа што овозможува во вечерните часови да има струење на прекрасен свеж воздух. Вилата располага со базен кој има солена вода и компјутерско филтрирање на истата. Околу базенот има лежалки и чадори за непречено уживање и сончање. Во склоп на вилата има фурна со скара и ѓомлезарник, а исто така има и шанк со фрижидери кој можат да го користат гостите за чување на своите пијалоци додека уживаат покрај базенот.

Рача
е област кое нуди одличен панорамски поглед кон Охридското езеро. Рача е
најчесто избор на луѓето кои бараат одмор со стил и уникатно уживање. За да
престојувате во Рача, треба имате предвид дека ви е потребен автомобил за да
поаѓате на плажа. Овој предел е доста баран поради височината која ја има и
поради факот дека овде воздухот е секогаш посвеж.
Доколку
ви треба повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!