23.10.2020

За 30 риса ќе доделиме 30 дуксери за патување

За 30 риса ќе доделиме 30 дуксери за патување

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“. Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“. Од информациите на МЕД, претпоставената бројка на регистрирани рисови во Македонија е 30 единки, а по ова позитивна вест, еко тимот на Кајак.мк во наредиот период ќе додели 30 дуксери за патување на кои ќе има лого со ликот на рисот означен со реден број од еден до триесет.


Почнувајќи од „Јас сум број 1“ и завршувајќи до „Јас сум број 30“, овие дуксери кои ќе завршат во рацете на граѓаните имаат цел да ја шират пораката за заштита на ова животно.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.

Сите информации поврзани со балканскиот рис кој живее на нашата територија може да ги читате на МЕД со еден клик ОВДЕ. 

Македонското еколошко друштво (МЕД) е формирано во 1972 година со мисија за обединување на еколозите од Македонија, развој на екологијата и поефикасно решавање на проблемите во животната средина.

Од 2010 година досега МЕД ги има заловено и следено рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Бистри, Лиса, Нарциса, Атиџе.


Рисовите во Македонија се изложени на големи закани. Како главна закана сме ние- луѓето. Дел од заканите се следните:

Малубројната популација и малиот репродуктивен потенцијал

Криволовство како една од најсериозните закани

Редукција на пленот како резултат на криволовството и деградацијата на стаништата

Деградација на стаништата во кои живее рисот и нелегалното сечење на шумите

Фрагментирање на стаништата и дисконтинуираност на биокоридорите преку разни инфраструктурни елементи

Вознемирување (рекреација, шумски активности и сл.)

Директна и индиректна компетиција со волкот кој живее во истите станишта


Дуксерите ќе се делат во подолг временски интервал се со цел кампања да трае подолго, порака за заштита на балканскиот рис да допре до сите, а најважно од се да сфатиме колку е мал бројот на овие животни. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.