05.05.2022
Викендица во Љубаништа за цело друштво
Викендица во Љубаништа за цело друштво
Уште една
уникатна викендица во Љубаништа од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Ова
сместување е идеално за цело друштво. Но пред да ви раскажеме за сместувањето,
би сакале малку поопширно да ви раскажеме за Љубаништа и атракциите кои може да
се посетат во екот на сезоната.
Ова село се наоѓа во Охридско, во најјужниот дел на територијата на Општина Охрид, недалеку од брегот на Охридското Езеро, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Ресен и со државната гранична линија со Албанија.

Љубаништа е местото кое го има најубавиот залез на сонцето,
каде што блескавиот жолт круг полн живот се спојува со езерските бранови додека
целосно не исчезне.
Водата е проѕирна како солза, плажата долга и прекриена со
ситни камчиња, погледот остава без зборови, а доживувањето – неповторливо.
Од височините на Галичица можат да се видат прекрасните пејсажи на Трпејца, Охридското езеро како и Љубаништа.

Национален парк Галичица на посетителите им нуди бројни
рекреативни и туристички содржини. За оние кои сакаат да се рекреираат и
уживаат во природа им препорачуваме да ги користат обележаните пешачки,
велосипедски и планинарски патеки.
Параглајдинг како рекреативна активност во Национален парк
Галичица е главна адреналинска и авантуристичка атракција
Автокамп Љубаништа со најубавата плажа на Охридското Езеро со ситен песок, Св. Наум манастир со комплекс на ресторани со прекрасен амбиент.

Република Албанија е на 5 км со прекрасен избор на рибни
ресторани со морска храна и пристапни цени, селото Трпејца 8 км со прекрасни
ресторани и таверни со локална храна, риба, ѓомлезе и убава плажа..
Музејот на вода "Заливот на коските" оддалечен
само 13 км.
Љубаништа е место кое умее да ги задоволи префинетите желби
на сите посетители. Гостите можат да ги посетат:
Ранохристијанска базилика – Локалитетот се наоѓа во
Љубанишко Поле, во западното подножје
од ридот на кој се наоѓа селото, веднаш
до патот кој води до автокампот „Љубаништа“на Охридското Езеро.
Бучила — населба од неолитско време и некропола од римско
време;
Градиште — утврдена населба од хеленистичко време
Овде е и Св. Богородица Захумска која меѓу месното население и пошироката јавност е позната само како Заум се наоѓа веднаш крај самиот источен брег на потегот помеѓу селата Трпејца и Љубаништа. Се наоѓа на оддалеченост од 20 км од Охрид, на брегот на езерото, во подножјето на планината Галичица и во непосредната близина на рибарското село Трпејца.

Во непосредна близина е автокампот „Љубаништа“ кој ја има
единствената песочна плажа на брегот на охридското езеро од македонска страна,
вистинска летна идила во дожина од околу 1 км.
Св. Наум е место помеѓу бескрајното синило на Охридското
Езеро и високиот планински масив на планината Галичица, непосредно до
најубавите и најголемите извори кои го напојуваат Охридското Езеро
Околината во кое
се наоѓа викендицата, но и апартманите е мирна и тивка. Ова е место каде
гостите доаѓаат да избегнат од секојдневниот метеж , да ужуваат во недопрената
природна убавина, во бистрите и чисти води, да го слушаат звукот на далгите.
Викендицата и 2 (два) самостојни двособни апартмани се
наоѓаат пред автокампот на само 100-150м од најубавата плажа на охридското крајбрежје
и 2 км до манастирот Св. Наум.
Викендицата има кујна со дневна соба, спална соба и
купатило. Располага со еден брачен кревет и 2(два) единечни кревети. Има и
додатен единечен кревет. Во дневната соба има гарнитура.
2(два) поединечни двособни апартмани (еден апартман=цел
спрат) со површина од 40м2. Еден апартман се состои од кујна со дневна соба,
спална соба и купатило. Апартманите располагаат со по еден брачен кревет кој се
наоѓа во спалната соба и гарнитура на спуштање во дневната соба.
Доколку сакате
повеќе информации можете да кликнете ОВДЕ
Коментари
-
vukasin
06.09.2023 10:14
zdravo moze li info broj za kontakt
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
На Кожуф има ресторан за кој сите зборуваат – еве зошто
Смрдлива Вода на Кожуф планина е дефинитвно дестинација која ќе ви ги наполни батериите! Велат дека една секунда на „Смрдлива Вода“ или „Здрава Вода“ ви го продолжува животот за 10 секунди!
Скопје со локален водич – автентични искуства и скриени приказни | Kajak.mk
Откриј го Скопје преку локален водич и искуства што излегуваат од класичните туристички рути. Автентични приказни, скриени места и поинаков поглед на градот. Резервирај преку Kajak.mk.
Тури со коњи во Македонија – планинско јавање и автентични авантури преку kajak.mk
Резервирај тури со коњи во Македонија преку kajak.mk. Планинско јавање, автентични доживувања, природа и водени авантури за почетници и напредни јавачи.
Поврзи се со луѓе кои нудат уникатни услуги низ Македонија | Kajak.mk
Откриј ја категоријата „Луѓе“ на Kajak.mk каде се претставени локални поединци што нудат услуги, знаења и автентични искуства низ цела Македонија.
Вештачката интелигенција станува главен помошник при патување
Вештачката интелигенција сè повеќе се користи во туризмот и станува главен помошник при планирање патувања, резервации и избор на дестинации со целосно персонализирано искуство.
Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“
Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“.