14.09.2020
Зошто треба да го посетите село Радожда?
Зошто треба да го посетите село Радожда?
Радожда се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро, крај македонско-албанската граница. Сместено е во југозападниот дел на Општина Струга, чиј атар се доира до државната гранична линија и брегот на Охридското Езеро. Радожда е сместено во подножјето на карпест гребен кој се спушта од планината Јабланица. Селото е рамничарско и расположено на надморска височина од 700 до 725 метри. Од градот Струга е оддалечено 11 километри во јужен правец и на два километри од границата со Албанија. Софија Јанева или позната како „Travel with Janeva“ викендот уживаше токму овде.

Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во XVIII век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од XIV век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.

Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Вија Егнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.

Во селото нема културни настани, туку помасовните настани кои се одржуваат се однесуваат на верските традиционални одбележувања на неколку празници. Тоа се фрлањето на крстот кое се обнови во 1990 година и кое се одржува на брегот на езерото кај црквата Св.Недела. Фрлачот и скокачите по крстот се наоѓаат во кајчиња на околу 50 метри од брегот. По фаќањето на крстот кој е метален и завиткан во бела риза, групата која го фатила заминува низ селото влегувајќи во сите куќи од селото каде се дарувани од населението.
Cover foto: Instagram: @janeva
Текст: Википедија
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.