22.12.2020
Езерска вила со огромен двор и градина: За луѓето кои бараат спокој
Езерска вила со огромен двор и градина: За луѓето кои бараат спокој
Ден по ден, базата на Кајак.мк расте. Од планини, до реки и езера. Секое место каде би можеле да преноќевате ќе биде додадено во нашата база приватни сместувања. Наскоро ќе заокружиме 100 сместувања кои можете да ги пронајдете во нашата база, а во новата 2021-ва година доколку се нормализира ситуацијата со пандемијата ќе започнеме и со додавање вили и апартмани надвор од границите на Македонија кои ќе може да ги резервирате со еден клик на Кајак.мк. 
Денеска ве водиме на Преспанско Езеро. Многумина од туристите не се љубители на планината и на скијањето, па за да им излеземе во пресрет ќе споделуваме вили кои се наоѓаат покрај македонските крајбрежја. 
Ако сте се запрашале што би правеле на Преспанско Езеро доколку ја резервирате вилата Кирјана, еко тимот на Кајак.мк во продолжени е ви споделува неколку совети:
Претор е познато туристички места во Македонија со своето летувалиште, песочните плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи. Неколку стотици викед куќи се нанижани од местото каде постоеше некогашната Пумпата за вадење вода за наводнување на Преспанското Поле се’ до атарот на селото Сливница. Голем број од овие прекрасни куќи се постојани живеалишта.
Недалеку од Претор се наоѓа селото Курбиново кое е на 2 км од североисточното крајбрежје на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба односно нејзиниот разгранок Голема Чука, на надморска височина од 950м, со околу сто и триесетина жители. Тоа е старо христијанско село, во кое секогаш живееле православни Македонци. Курбиново, често го нарекуваат село со стари воденици.
Околу Преспанското Езеро живеат доста диви животни. Наш совет е да внимавате доколку сами поаѓате во националниот парк Галичица. 
За „мрзливите“ туристи кои сакаат да останат по цел ден во сместувачкиот објет, вилата Кирјана нуди огромен двор во кој може да го апсорбираат зимското сонце. Вилата е доста модерна и може да одговори на барањата на секој патник. Таа се наоѓа на само 5 минути пеш од езерото.
| Доколку сакате да се запознаете со вилата, погледнете повеќе фотографии и телефон за резервација, кликнете ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.