07.07.2023
Планинска дрвена куќичка достапна на Кајак.мк
Планинска дрвена куќичка достапна на Кајак.мк
Јули, август и септември се идеални месеци за сите авантуристи. За луѓе кои сакаат да откриваат нови места, за луѓе кои сакаат да ги надминат своите очекувања и за луѓе кои ќе сторат сѐ само да успеат да пристигнат до некоја нова тајна дестинација.

Таква нова тајна дестинација која ја додаваме на Кајак.мк е Колибката Рудока која што се наоѓа на истоимената планина Рудока од каде и воедно го добива името. За поголема ориентација оваа куќарка е недалеку од езерото Градец и градот Тетово. Станува збор за уникатни дрвена куќарка за која домаќините ни изјавија дека е целосно рачна изработка.

Со многу љубов и посветување на внимание на сите детали, оваа куќарка денеска има се што ви треба за еден уникатен престој на планина. Во неа може да се сместат од 6 до 8 лица, а самата куќарка располага со струја, опремена кујна, тоалет и секако природа која нема цена.

До самата куќарка имате два начини за пристигнување, првиот е секако со планинарење, а вториот е со користење на теренско џип возило. Повеќе информации, фотографии, како и контакт од домаќините можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!