14.07.2020

Mia's Favorite Hotel Mavrovo го развива модерниот туризам во Маврово

Mia's Favorite Hotel Mavrovo го развива модерниот туризам во Маврово

Со еден ваучер за домашен туризам кој изнесува 6000 денари може да се резервираат три ноќевања со појадок за две возрасни лица и едно дете до 12 години. 
Како што ни велат од хотелот, во цена од 6000 денари има вклучено три ноќевања со појадок, користење спа центар, Wi-Fi , Netflix, детско игралиште и приватен паркинг за гостите. Љубезниот менаџмент за патниците во месец јули го части првото кафе на гостите, а вели дека ова цена е одлична понуда за сите, а не само за корисниците на ваучери. 

Корисниците без ваучери, можат да извршат пак дирекна резервација со еден клик ОВДЕ

На љубителите на планинските спортови, планинскиот чист воздух и спа уживањето им го препорачуваме Mia's Favorite Hotel Mavrovo. Ако се прашувате зошто, ќе ви одговориме на кратко. Затоа што овде има сè.


Со поглед кон мавровското езеро и уникатна местоположба, хотелот е вистински избор за корисниците на ваучери за домашен туризам, но и за сите останати коишто знаат што е добро. Луксузот овде има повеќе дефиниции кои одговараат на сечие барање. Хотелот се наоѓа на надморска височина од над 1200 метри, во непосредна близина на највисоките алпинистички терени во Македонија и на само неколку минути од популарното археолошко наоѓалиште и на неколку минути пеш од фамозната потопената црква Св. Никола Летен. 

Хотелот има на располагање повеќе од 30 соби кои се модерно реновирани годинава, а кои нудат одличен уникатен домашен амбиент, со загушени ноќни светла, удобна постелнина, модерни плазма телевизори на кои има Нетфликс, реновирани купатила со тоалети, спа центар со модерно лоби и ресторан на затворен и отворен простор. 


Кајак.мк ви го препорачува хотелот затоа што менаџметот знае како да ви го организира времето на престој. Тие се воедно организатори на доста планинарски тури, летање со параглајдер, јавење коњи, пловење по мавровското езеро, изнајмување велосипеди и уште што не.


 Mia's Favorite Hotel Mavrovo нуди објект кој ќе ви ја смири душата. Затоа наша препорака е да побрзате со резервации бидејќи просториите се ограничени, а понудата извонредна. Повеќе информации можете да добиете на: 076 229 966 или на [email protected]



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.