30.01.2024

Произведувам домашни сапуни благодарение на она што го има во природата

Произведувам домашни сапуни благодарение на она што го има во природата

Денес ја запознавме Петранка од Миравци, Гевгелиско. По професија фармацевтски техничар. Идејата да започне со производство на домашни сапуни е долгогодишна приказна, за која биле потребни време, обука и вистинските состојки од природата.

Нејзините производи можете да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.


За да се изработи еден сапун потребно е соодветна опрема како калапи, различни масла и состојки. Откако една смеса ќе биде направена, за сапунот да ја добие потребната цврстина потребно е време да се стегне во самиот калап. Со доволно љубов и трпение, Петранка добива уникатни сапуни, соодветни за секој.

Како главни состојки се користат масла, кокосово, рицинусово, козјо млеко и она што природата има да ни го подари во соодветно годишно време.

Во моментот имаме три вида на сапуни кои помагаат на сите оние со иритации на кожата, сувост и останати кожни проблеми.


За повеќе информации околу производите и нарачки можете да ја посетите нашата бакалница со еден клик ОВДЕ.

На нашиот тим му беше чест и задоволство да се запознае со еден поинаков процес на производство на природна козметика, знаејќи дека секоја состојка која Петранка ја користи, истовремено ја чува и негува и животната средина.

Кога ќе го погледнам крајниот производ, добиен од чисти природни состојки, и пред се задоволството на оние кои ги користат, чиста и негувана кожа, чувството е прекрасно. Тоа ме инспирира за нови идеи и нови сапуни. - вели Петранка

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.