16.03.2023
Организираме дегустација на првиот македонски крафт џин во Скопје
Организираме дегустација на првиот македонски крафт џин во Скопје
Покрај многуте тури и настани кои може да ги организирате
преку Кајак.мк, од денеска листата „Things to Do in Skopje“ ја
надополнуваме со уште едно уникатно ќоше за кое сме сигурни дека ќе ви ја промени перцепцијата за тоа во која
насока се движи Македонија кога станува збор за производство на
високо-квалитетен пијалак.
Преку оваа четиво ќе се потрудиме да ве прошетаме низ шармантно- миризливиот подрум на првиот македонски крафт џин направен по традиционална London Dry технологија, а кое го носи називот „SMIDGIN“.

За да имате убав ден и секако мирен сон, ние од тимот на Кајак.мк ви препорачуваме да го органзиирате вашето друштво пријатели или колеги од работа и да ја резервирате уникатната „The Smidgin Experience“ тура која преку секоја квалитетна голтка македонски џин ќе ви ја раскаже приказната за настанокот на дестилеријата и ќе ве запознаете со фактот за тоа колку Македонија е богата со плодови и растенија корисни за производство на квалитетен џин.

Со други зборови „The Smidgin Experience“ е идеално решение за приватни седенки на
групи од 6 до 8 лица. Турата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.
Дестилеријата Смитџин се наоѓа во прекрасната зграда на МЦМ во Скопје. Во оваа зграда секојдневно се дистрибуира ново количество свежа македонска смрека и планински чај од Галичица. Покрај смреката и чајот, Македонија има уште 12 билки од различни краеви кои се комбинираат во процесот на производство на џинот.

Од самиот почеток SMIDGIN се фокусира да биде позната како мала-крафт џинотека, сместена на уникатна локација во центарот на Скопје, во сутеренот на МЦМ- која е историска куќа на фамилијата Рубен. Идејата да се отвори крафт џин дестилерија во Македонија доаѓа од големата љубов кон џинот и целокупното искуство на македонецот Иван Скендеровски и шкотланѓанецот Грем Лоутер. Тие двајца, заедно со огромна помош од нивниот мастер дистелер Милица Плетварска успеваат да го креираат оригиналниот рецепт на она кое денеска се нарекува SMIDGIN.

Доколку нѐ прашате нас што е тоа што го прави толку уникатен овој џин, ние ќе ви го одговриме следното: SMIDGIN има доста уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните смреки кои се продаваат како суви растенија на пазарот. Бобинките кои можете да ги почуствувате на своја кожа доколку ја посетите дестилеријата се бобинки кои растат диво ширум планините. Овде игра голема улога и планинскиот чај кој извонредно ја надополнува свежината на џинот и му даваат посебен карактер.

За тоа како правилно се пие џинот, со што можете да го
комбинирате и како да го подготвите вашиот омилен коктел ќе можете да дознаете
од најдобриот коктел мајстор Кристијан Ристески, кој за нас е професионалец кој
навистина добро ја познава својата работа.
„The Smidgin Experience“ може да биде ваш настан кој би можел
да ја замени класичната роденденска забава, колегијалната седенка или
прославувањето на вашите успеси. Она што е уникатно во „The Smidgin Experience“
е самиот амбиент во кој се организираат настаните, свежата миризба на џинот и
секако приватноста која ќе можете да ја уживате со вашите најблиски.
Доколку сакате да ни испратите барање за организирање на „The
Smidgin Experience“, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.