21.01.2022

Сигурно некој дедо кришум ми ја намачкал устата со вино

Сигурно некој дедо кришум ми ја намачкал устата со вино

Малите бутик винарии и индивидуалците кои произведуваат вино и ракија се новиот предизвик за туризмот во Македонија, особено ако се земе фактот дека луѓето кои патуваат сè повеќе преферирааат да бидат гости на луѓе каде хуманиот однос и блискиот контакт со домаќинот ќе им овозможи да ја доживеат приказната на прав начин.


Ова е една од главните причини кои нè мотивираат да продолжиме со раскажување на ваквите уникатни приказни од локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот во Македонија.

Денеска ќе ви раскажеме уште една приказна од Лазар Плетварски. Човекот кој низ годините бил дел од производството на вино во Калифорнија, Нов Зеланд и Бугарија, а денеска има своја дестилерија за ракија во Кавадарци.


За дестилерија „Плетварски“, Лазар вели дека е обновување на традицијата на претходните генерации кои произведувале ракија.

 

Овој семеен бизнис започнува во 2017-та година со главен мотив да се произведува нешто што го нема на пазарот. Тој се сеќава на почетоците кои од класични дегустации на ракијата со своите блиски пријатели се развиле во семеен бизнис. Коментарите кои ги добивал Лазар од своите блиски пријатели биле клучните моменти кои го поттикнале да ја отвори „Дистилерија Плетварски“ и да произведува ракија на свој уникатен начин.

 

Лазар во моментов не размислува за зголемување на количинското производство на ракија, туку се стреми кон подобрување на квалитетот на ракијата. Неговиот фокус е вперен кон проширување на лозовите насади и одгледување на поголема површина Ризлин или Ркацители.

Во Тивкешкиот регион нема жител кој не поседува лозови насади. Ваквата традиција е дел од фамилијата на Плетварски. Неговиот татко одгледувал лозје додека бил млад, а лозарството, винарството, бурињата и казаните се присутни во семејството цели четири поколенија наназад.


Кога ме прашуваат оние што не ме познаваат, од кога се занимавам со вино и ракија им кажувам дека се заминавам од бебе, сигурно некој чичко или дедо кришум ми ја намачкал устата со вино... ама нема лутење адетот е таков, па дообјаснувам, дека ете затоа прераснав во винар“, раскажува Лазар.

Неговото образование го започнува во Бугарија на „Универзитет за храна во Пловдив“, а магистрира на „Земјоделски Институт во Скопје“ кај професорот Горан Миланов. Надоградувањето на образованието го продолжил во разни винарии и дистилерии. Работел на три континенти, а особено задоволство уживал на бербите во Калифорнија, Нов Зеланд и Бугарија. Ваквото работно искуство му овозможува да учествува во подготовката на милиони литри вино и ракија, но сепак без да остави свој печат од постоењето.


Денеска, Лазар произведува околу 2500 шишиња годишно, за кои вели дека неговите пријатели го предупредуваат дека се работи за мало производство и дека треба да размислува за проширување. Но, кога се работи за проширување Лазар вели дека основно правило во изградбата на дестилерија е фактот дека во првите десет години од постоењето не може да се очекува приход поради фактот дека заработката оди назад во реинвестиција. За неговиот бизнис вели дека е добро поставен што ќе расте сам од себе, бавно и органски. Производството на ракијата е тешко, а може да го работи само тој кој има пасија, за што Лазар вели дека најголемата награда е насмевката на гостинот по првата голтка добра ракија.


Во моментот во продажба е пуштена старата три годишна ракија, за која вели дека е производ кој може да си го дозволи љубителот на добрата голтка. Во иднина ќе произведува и ликери за кои има голем интерес. Бурињата се веќе полни, а за три години ќе може да го лансира овој производ на пазарот за кој вели дека ќе ги погоди сетилата на луѓеот со највисоки критериуми со истенчени вкусови и мустаќи.

Оние кои ја прочитаа приказната до крај, сигурно се љубопитни и сакаат да стапат во контакт со Лазар? Ние ја имаме дестилеријата во нашата база на „Гастрономија“, затоа кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Mica Dameva

    22.01.2022 15:44

    Imam probano proizvod id ovaa vinarija i mi se dopaga. Bravo samo napred so novi proizvodi.

Прочитајте повеќе

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.

Coolcation тренд 2026: Летото се сели кон север и планинските дестинации

Европскиот туризам се менува со пораст на „coolcation“ трендот, при што патниците сè почесто избираат посеверни и планински дестинации за летен одмор поради поудобни температури, природа и поавтентични искуства.

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!