10.03.2022
Викендица во Маврово која честопати ја посетуваат елен и срна
Викендица во Маврово која честопати ја посетуваат елен и срна
Денеска ќе ве запознаеме со уште една прекрасна викендица која домаќините ја нарекуваат „Патека на елените“ поради фактот дека во самото дворче честопати поминуваат еден елен и срна, а нивните траги ги поттикнале да ја преименуваат ова сончева викендица по нивната невообичаена активност.

Домаќинката Оли вели дека викендицата се наоѓа на прекрасно место каде постојано ја грее сонце, опкружена е со прекрасна шума и нуди прекрасен поглед. Од самиот двор госите имаат поглед кон потопената црква и кон ски стазите.

Преку лето дворот и околината се доста зелени. Зеленото и тревно дворче има многу цвеќиња, кои при летен нежен ветер ја замирисуваат сета околина на лаванда. Домаќините додаваат дека вилата е во доста мирна и тивка област и поради таа причина животните овде се чуствуваат побезбедни и честопати знаат да поминат. Што се однесува до дивиот свет во националниот парк „Маврово“ домаќините се надеваат дека животни ќе има во се поголем број и дека ќе расте свеста кај народот за заштита на животинскиот свет.

За оние коишто
сакаат да побегнат од градскиот сообраќај и сивилото на градот, Маврово е
идеално место за одмор.
Викендицата е на два спрата. На првиот спрат има дневна, кујна и трпезарија како заеднички простор, две спални, во едната спална има брачен кревет, а во другата спална има кревет на развлекување, купатило и тераса.

Вториот спрат е поткровје кое е целосен отворен простор и има капацитет за 4 лица. Во него има брачен кревет и два единечни кревети. Во отворениот широк простор има дел кој се користи за дневен простор, а преграден дел со ново купатило и туш кабина.
Доколку сакате повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!