01.02.2025

Дали знаете дека во Македонија може да престојувате во село Раец?

Дали знаете дека во Македонија може да престојувате во село Раец?

Еј друштво, доаѓа пролетта! Со тоа и амбициите кај повеќето од вас да излезете од вашите топли домашни засолништа и да се препуштите на природата. Знаеме дека месеците јануари и февруари кај дел од вас делуваат делумно депресивно, но затоа тимот на Кајак.мк е секогаш овде да ви даде позитива и да ве охрабри дека наскоро зеленилото повторно ќе ви се врати, а со тоа и зимската облека ќе си ја вратите во шкафовите.

Повеќе информаци за сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ.


Кога зборуваме за пролет, природа и патувања, би сакале да ви дадеме предлог викенд дестинација која дефинитивно ќе ви се виде интересна за истражување.


Денеска ве водиме во регионот на Кавадарци, каде на мапата има едно мало селце по име Раец. Позиционирано на надморска височина од 300 метри и опколено со природа, ова селце е идеална викенд дестинација за љубителите на долгите прошетки во природа.


Селото Раец се наоѓа на самиот пат Кавадарци- Прилеп, а пред самиот влез во селото, се наоѓа ресторанот Стара Чешма кој има свој сместувачки капацитет. Стара Чешма е идеална за викенд уживање на семејства кои сакаат да ги прошетат своите деца во природа, да поминат еден викенд на село и да го истражуваат регионот.


Самиот комплекс е уреден со езерце и река, а има и доста домашни животни кои го уживаат чистиот воздух на Раец. Што се однесува до гурманите, самиот ресторан ви нуди вкусни специјалитети од скара, риба и локални салати.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија