20.02.2025
Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?
Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?
Тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на пролетните активни дестинации на кои можете да поминете еден супер викенд со вашето семејство или блиски пријатели. Добитна комбинација за добар викенд на секој македонски турист е збир од три клучни фактори и тоа: Да има активности кои би му го исполниле денот, да има добра храна и да има добро сместување.
Ваква добитна комбинација има новото сместување кое од денеска го приклучуваме во нашата база на приватни сместувања, а кое се наоѓа во село Куклица, во околината на Кратово.
| Сместувањето можете да го погледнете и резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Насловот во кој село Куклица го нарекуваме „Македонската Кападокија“ е со цел да ви потенцираме дека во Македонија има места кои треба да ги вреднуваме многу повеќе и да ги промовираме надвор од државата.

Нашата денешна цел е да ви докажеме дека еден викенд поминат во село Куклица, може да ви биде идеален за одмор. Зошто го велиме ова? Затоа што самиот регион има што да понуди. Почнувајќи од градот Кратово кој мора да го истражите бидејќи неговата приказна е поразлична од секој друг град во Македонија. Ние Кратово го нарекуваме музеј под отворено небо. Покрај Кратво, овде е и селото Куклица.

Во самото селце се наоѓаат „Камените Кукли“, Наоѓалиште заштитено како природна реткост. Низ целиот предел има околу 120 помали и околу 15 поголеми образби, што ја прави ова дестинација уникатна за истражување. На локалитетот секогаш ќе ве пречека локален жител кој ќе ви ја раскаже народната приказна за настанокот на куклите.

Самиот сместувачки објект за кој денеска зборуваме се наоѓа непосредно до локалитетот. Има пространо дворче во кое може да уживаат вашите деца, а кое е опколено со дрвца за лад преку лето.

Што се однесува до храната, во склоп на сместувањето има етно ресторан каде се приготвуваат вкусни традиционални специјалитети со локални намирници. Максималниот капацитет на сместување е за 12 лица, што ви овозможува да го договорите цело ваше друштво за една викенд авантура.
Повеќе информации, фотографии, како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Дел од фотографиите се од Pop Photo Mk.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!