07.07.2020
Мотел Атика: Секој кој има желба за ноќевање во скопската чаршија може да ја оствари кај нас
Мотел Атика: Секој кој има желба за ноќевање во скопската чаршија може да ја оствари кај нас
Денеска прошетавме низ старата скопска чаршија, која пред пандемијата беше епицентарот на туристите. Сигурно секој од вас има желба за викенд ноќевање во чаршијата се со цел да го почуствува духот на стариот град.


Ние разговаравме со првиот човек на „Мотел Атика“, кој во изминатите години го вложил својот потенцијал и квалитет во градењето на еден ваков модерен објект, а сепак достапен за сечиј џеб.
Кајак: Господине Бедри, како започна приказната? Што имате да понудите на нашиот пазар? Што ве прави посебни?
Бедри: Пред се добредојдовте во мотелот Атика, место каде секој се чуствува како дома, но не како што велат останатите, туку затоа што навистина сме достапни за сечиј буџет. Градиме една успешна приказна, без разлика колку и да е тешко да се функционира во време на пандемија. Нашите патници кои ние преферираме да ги нарекуваме пријатели, престојуваат кај нас поради повеќе причини.
Пред се како што гледате, ние се наоѓаме во срцето на старата скопска чаршија. Замислете да ноќевате на само неколку чекори од „Куршумли Ан“ објект кој е жив историски сведок за настанокот на градот. Од друга страна го имате „Чифте Амам“. Што треба повеќе?

Ние се наоѓаме на скапо земјиште кое тежи историја. Во непосредна близина се наоѓа и Матка која може да се посети со наши возила доколку гостите не поседуваат автомобил. Подготвени сме на секакви барања. Исто така важно е да ги напоменеме парковите кои се наоѓаат во наша напосредна близина. Организираме трансфер до аеродромот и назад. Локацијата ни е срцето на Скопје, што значи дека сите правци доаѓаат до нас а најважните знаменитости туристите ги имаат на дланка.


Ако на сето ова ја додадеме и нашата услуга за која не би сакал самиот да се фалам, туку тоа може и да се прочита во оценките на нашите задоволни клиенти кои го споменуваат нашиот персонал како љубезен, гостопримлив, услужен...
Во оценките на нашите патници може да се забележи и чистотата и оддржливоста на објектот.
Тие се клучните работи коишто треба да бидат под конец за да се функционира се беспрекорно добро. Ние внимаваме на сите детали. Важно е дека внимаваме и на цената. Сметаме дека секој заслужува да патува, па затоа и формиравме цена од 15 до 20 евра за две лица од ноќевање. Таа цена реално секој може да си ја дозволи.


Кајак: Она што во моментот најмногу ги интересира нашите читатели/патници е прашањето дали може да се чуствуваат безбездно поради коронавирусот?
Бедри: Не требаше да се појави коронавирусот за ние да внимаваме на безбедноста на нашите клиенти. Кај нас тоа било и секогаш ќе биде приоритет. Редовното оддржување на хигиената е неопходно. Нашиот персонал е обучен да внимава на новите протоколи од надлежните, редовно да врши дезинфекција и да ги советува сите наши клиенти како да се заштитат пред излегување од мотелот.

Кајак: Што би им препорачале на нашите читатели?
Бедри: Би им препорачал да не посетат, бидејќи ние знаеме на кој начин да им организираме еден одличен викенд во старата чаршија. За сите прашања можат слободно да се консултираат на: 070 999 072
Или пак може да ни пишат на нашиот фејсбук фан пејџ: https://www.facebook.com/motelatika/

Рецепцијата во полн сјај.


Трокреветна соба, идеална за брачен пар со едно дете или друштво од три лица.

Двокреветни соби со брачен кревет.




Четирикреветни соби за цело семејство или друштво.
Повеќе информации на: 070 999 072
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.