18.04.2021
Престојувајте во македонска традиционална “кујна“
Престојувајте во македонска традиционална “кујна“
Пандемијата ги отвори очите и го промени мислењето на
многумина за здравиот начин на живот, поточно за тоа колку многу значи
физичката активност и здравата исхрана. Здравата и природна исхрана е конзумирање разновидна и по можност што помалку
обработена храна.
Не за џабе постарите велат дека: Се што е од земја е здраво! Но покрај разновидноста на храна, важен е и начинот на приготвување на храната.

Денес во базата на Кајак додаваме уште еден објек познат како „Пансион Кутмичевица“ во Вевчани, каде што приоритет на
менаџментот е здравата и домашна храна.
Станува збор за објект која во склоп на ресторанот има соби за сместување.
Со престојувањето овде ќе го
осетите етно стилот, а гостопримството
кое ќе го добиете ќе ве натера да се чувствувате како да сте дома. Вкусната храна што ќе ја
дегустирате ќе ви остане во сеќавање и ќе ве потсети на специјалитетите на вашите баби.

Вевчани е познато по “сопствените пасоши” и Вечанскиот
карневал кој се одржува на Василица, а овде се и Вевчанските извори. Секако еден ден одвојте за да ги посетите Вевчанските извори! За вевчанци, изворите се нешто
за што вреди да се гине.

По посетата на овие извори
препорачуваме
во вашето слободно време да појдете до
селото Горна Белица кое се наоѓа во областа Дримкол, западниот дел на општина
Струга. Селото е планинско и е мошне на високо. Надморската височина му изнесува 1.420 метри.

Пансион Кутмичевица се наоѓа во општина Вевчани во
горниот дел на селото што пружа прекрасен поглед кон околните планини, села,
Охридското езеро, Струга и Охрид, Повеќе информации за сместувањето ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.