14.07.2020

Ќе патувате со Wizz Air? Еве што треба да знаете

Ќе патувате со Wizz Air? Еве што треба да знаете

Важни информации при патување со WizzAir
Со цел да се минимизира можноста за ширење на пандемијата на коронавирусот (COVID-19). Следниве постапки ќе се применуваат на сите наши претстојни летови, па ги замолуваме сите наши патници да се придржуваат кон нив:
Заштитни маски
Сега е задолжително да се носат заштитни маски во кабината на авионот и за патниците и за членовите на екипажот за да се обезбедни максимална заштита. Погрижете се да имате сопствена маска и да ја носите соодветно во текот на патувањето! Препорачуваме и цениме ако понесете и дополнителна заштитна опрема ако имате, како на пр., ракавици или штитници. Ако Вашиот лет трае подолго од 4 часа, препорачуваме да носите повеќе заштитни маски.
Мерки за социјално дистанцирање и одржување хигиена
Покрај бесплатните марамчиња за дезинфекција што ќе ги добиете при влегувањето во авионот, вршиме и целосна дезинфекција на авионите секој ден. Ве замолуваме да ги почитувате упатствата за социјално дистанцирање и во авионот и надвор од него, како и на аеродромот. Тоа ќе влијае и на доделувањето седишта секогаш кога е тоа можно и изводливо.
Бидете внимателни и однесувајте се со почит кон другите патници и постојано водете сметка за личната хигиена. Сносите целосна одговорност да се уверите дека Вашата здравствена состојба е добра и можете да летате!
На аеродромот
Постојано соработуваме со аеродромите и локалните власти за воведување мерки на одржување на хигиената и безбедноста. Секаде каде што е можно, ќе поставиме повеќе места за самопослужување и помалку постапки што опфаќат допир за да се овозможи поретко контактирање со агентите и другите патници.
Во авионот
Авионите ги чистиме и дезинфицираме темелно секој дени во моментов, нема списанија на WIZZ во авионот (менито на WIZZ ќе биде достапно преку апликацијата за мобилни уреди на WIZZ, а овозможено е и бесконтактно плаќање секогаш кога е тоа можно).
Воздухот во нашите авиони е чист како во оперативните сали во болниците затоа што често се прочистува со филтри за воздух (филтри согласно HEPA) што отстрануваат 99,97 % од вирусите и бактериите што се пренесуваат преку воздух.
Членовите на нашиот кабински екипаж ќе носат заштитна опрема, а ќе имаат и пристап до неопходната опрема. Членовите на екипажот посетуваа и дополнителни обуки за справување со COVID-19, па строго придржувајте се кон нивните упатства.
Извор: Wizz Air

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!