18.12.2020
Изнајмете го ранчот од 10 декари на Беровското езеро: Идеален за бегство!
Изнајмете го ранчот од 10 декари на Беровското езеро: Идеален за бегство!
Тимот на Кајак.мк секојдневно слуша и раскажува нови приказни поврзани со луѓето и местата каде што тие живеат. Преданијата, легендите, митовите но и вистината, се она што го оддржуваат туризмот да живее. Изминатите месеци, дознавме и промовиравме многу нови места, многу нови луѓе кои ќе го трансформираат туризмот во 2021-ва година.
Наскоро ќе ја прошириме нашата база и со предлози за патување и сместување во соседна Грција, Бугарија, Србија и Албанија, но дотогаш останува да се надеваме дека пандемијата ќе не ослободи од нејзините канџи.
Земајќи предвид дека во Македонија се уште има места и луѓе за кои не сте слушнале, нашиот тим си дава обврска да копа што е можно подлабоко се со цел да ги пронајде сите оние кои заслужуваат да бидат дел од туристичката мапа во Македонија.
Денеска разговаравме со Славчо од Берово. Сопственик на ранчот „Фета“ кој може приватно да го изнајмите и да престојувате во него колку што ќе посакате.
Нашето прво прашање беше зошто ранч, а веднаш по него зошто и „Фета“.
Неговиот имот е го носи епитетот ранч бидејќи дворот и земјиштетот кое е оградено околу вилата е повеќе од 10 декари. Славчо вели дека во дворот се чувствува мирот. Тишината, чистиот кислород и звуците на природата. Според него, тоа е главниот фактор што го става Берово на туристичката мапа. 
Вилата е именувана како „Фета“. Доколку прво нешто на кое ве потсеќа овој збор е познатото сирење, тогаш не грешите. Според преданијата, фета сирењето како што вели Славчо има корени од овој регион. Легендата вели дека во отоманската империја во регионот на беровското езеро живеела турчинка. Турчинката пронашла ранет војник кој и служел на некоја европска земја, турчинката немсто да го убие започнала да го лекува со овча кожа. Кога војникот бил целосно излекуван, таа го пуштила да се врати дома, но не со празни раце туку со маја за сирење. Од таа маја било произведено првото фета сирење. Оттука, вилата на Славчо е именувана како „Фета“.
Вилата има огромен простран двор, балкон и детско катче во дворот. Располага со приватен паркинг, опремена и реновирана да одговара на потребите на гостите. Вилата е идеална за семејства кои сакаат да ги прошетат своите деца во природа.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации, фотографии како и контакт за резервациија, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!