26.03.2021

Живеев со баба и дедо покрај лозјето, денеска имам сопствена винарија

Живеев со баба и дедо покрај лозјето, денеска имам сопствена винарија

Кога работите се прават со љубов, туризмот полесно се развива. Кога пак работите се учат уште од мали нозе, тогаш знаеме како да ги цениме кога ќе пораснеме.

Македонија е земја во која винскиот туризам има огромен потенцијал. Ние честопати се прашуваме дали и воопшто сме свесни за каков потенцијал станува збор, имајќи предвид дека од сите страни доаѓаат само позитивнки критики за македонското вино.


Кога ќе се спомне вино, прво нешто кое ни паѓа на памет е Тиквешкиот регион. Регионот кој сам по себе влече многу приказни за луѓето кои низ минатото вложувале се за да добијат квалитетен плод. Многу деца кои во минатото биле од самрак до зори на лозјата денеска се сопственици на свои винарии. Го вложиле сето знаење за да изградат свој бренд кој ќе ја раскажува семејната приказна на многу туристи.


Таква е приказната на Александар Клинчаров, по потекло од село Ресава, а чија фамилија цел свој живот го поминува на лозовите насади. Александар се сеќава на детството, кога неговите врсници ги воделе во градинки, тој бил покрај неговите баба и дедо кои во тоа време се занимавале со земјоделие. Александар денеска е сопственик на винаријата „Клинчаров“ и несебично раскажува за фамилијарната вековна традиција која се пренесувала од генерација на генерација.


Регионот од кој потекнува Александар, поточно селото Ресава во Тиквешкиот регион се смета дека произведува најквалитетно грозје и вино. Тој додава дека уште во османлиското владеење, неговата фамилија важела за една од најголемите производители на грозје, што може да се види и по висината на данокот на шира која ја плаќале неговите предци на султанот.

Денеска, главен виновник за успехот на Александар е неговиот дедо Чандо кој го мотивирал неговиот внук да се заљуби во виновата лоза и производството на вино и ракија.


Неговата семејна винарија денеска располага со површина од 1,2 хектари лозов насад, со годишно производство од 17 до 20 тони на грозје. Во работата од најголема помош му се неговите две ќерки и сопругата Роска, како и нејзините родители . Александар вели дека се што посеал сами го обработуваат без дополнителна помош, исклучиво за време на гроздоберот кога е потреба дополнителна работна рака.


Мотивот дека семејните винарии се идните промотори на Тиквешкиот регион го поттикнала да ја регистрира семејната винарија и да му стави печат на трудот на неговите предци. Со идејата дека главни промотори за развој на винскиот туризам во ќе бидат винариите, пред точно две години се формираше и здружението „Тиквешки семејни винарии“ кое брои повеќе од 30 семејства.


Неговата семејна винарија има две локации. Едната се наоѓа во Црвено Брдо во близина на селото Бегнише, каде се преработува виното, а каде има одличен поглед на Тиквешкото езеро, планината Вишешница, највисокиот врв Орле и прекрасните лозови насади. Александар отворил и соба за дегустација која се наоѓа на локација во градот Кавадарци.


Овде тој има декорирано етно катче каде ги чува старите алатки кои му се наследство од неговата фамилија, а кои служеле за обработка на виновата лоза и создавање вино со децении наназад.


Неговата винарија денеска нуди четири сорти на вино и тоа „Темјаника“, „Ризлиг“, „Станушина“, „Вранец- Бела Чешма“.


Со дегустација на виното тие служат повеќе вида на пршута, сирења и кашкавали, како и традиционалниот кавадаречки геврек со ајвар. Во дегустацијата е и старатажолта ракија „Клинчаровка“.

Александар вели дека традицијата, зачувувањето на етно стилот и приказната која е стара 100 години и низ која поминале четири генерации ги прави поразлични од останатите.

Доколку сакате да стапите во контакт со господинот Александар, тимот на Кајак.мк ве информира дека можете да се јавите на 070/ 789-282, ул. Пионерска 1, Кавадарци.

Остави Коментар

Коментари

  • Nikola Petrovskk

    05.04.2021 16:42

    Gospod da gi blagoslovi vnogradite na Aleksandar

  • Тимот на Кајак.мк

    28.03.2021 18:48

    Margica Mladenovska, дефинитивно се согласуваме со вас. ❤

  • Margica Mladenovska

    27.03.2021 08:45

    Bravo za semejniot biznis. I golem pozdrav do g-din Blagoja i Trajam. za podrskata za da se prodolzi tradicijata i otvaranje na mali vinarii Golem pozdrav do site.

  • Вилијам Петров

    26.03.2021 13:42

    Браво

Прочитајте повеќе

Ги изнесувам дечињата во природа без разлика на периодот од годината

Запознајте ја Ангела Тасеска, дипломиран биолог и едукатор, која преку работилници во природа ја отвора љубопитноста и љубовта на децата кон природата. Нејзината приказна од денеска е дел од Светот на Кајак.мк, свет кој промовира локални херои од Македонија.

Како да испланирате совршено викенд бегство на 2 часа од Скопје

Откријте како да планирате идеално викенд бегство на 2 часа од Скопје: најдобри локации, сместувања, активности и практични совети за брз одмор.

Конечно во Македонија – BOOKLOX.MK: Систем за менаџирање резервации на сместувања

Booklox.mk е систем за менаџирање со резервации на хотели, вили, апартмани, соби, викендици. Систем кој ќе Ви ја подобри продажбата, ќе го зголеми бројот на резервации и ќе го промовира Вашето сместување. А сето тоа и додека Вие спиете!

Културната сцена во Македонија: концерти, театар, филм и фестивали

Откријте ја живата културна сцена во Македонија – концерти, театарски претстави, филмски проекции и фестивали. Проверете што се случува овој викенд и доживејте нови културни искуства!

Манастири во Македонија: Духовно и културно патување низ историјата

Откријте ги манастирите во Македонија – духовни бисери на културата и историјата. Најдобри места за посета, убави пејзажи и незаборавно патување низ Македонија.

Произведувам путер од афион: Љубов од детството која сакав да ја реализирам на дело

Тимот на Кајак.мк ќе го посвети месец ноември на нови 20 локални херои кои своето време го посветуваат во производство на локална храна за која ви гарантираме дека досега не сте ја вкусиле.