05.05.2020
Сезоната во Црна Гора започнува на 18-ти мај
Сезоната во Црна Гора започнува на 18-ти мај
Плажите на црногорскиот брег може да се отворат на 18-ти мај, но за тоа ќе се подготви посбен пакет мерки во соработка со Институтот за јавно здравје за да се обезбеди на гостите здравствена сигурност, пишува Вечер.
Сезоната за пливање официјално започнува на 1 мај, и тоа е така со години, а а надлежните за оваа година најавуваат дека тоа може да се случи на 18 мај.
| ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: Патувањата во летните месеци ќе се координираат со соседните земји |
- Доколку се потврди овој рок, реални очекувања се дека плажите ќе бидат целосно оперативни најдоцна до 1 јуни - рече Предраг Јелушиќ, директор на „Морски добра“ на Црна Гора.
Тој додава дека имаат изработено збир на мерки за да се обезбеди почитување на социјалната дистанца.
Областа на плажата ќе треба да биде организирана на таков начин што ќе има соодветно растојание помеѓу капачите (или група на капачи, како што е семејство) кое ќе биде јасно видливо.
Ќе има ограничен број на истовремени капачи во врска со капацитетот на областа на плажата, мерки за одржување чистота и хигиена, мерки во врска со угостителството и други услуги, мерки во врска со организирање на забави, рекреативни и спортски активности на местата за капење.
Водата ќе се проверува на секои десет дена во јули и август.
Јелушиќ истакна дека водата ќе се контролира почесто и на повеќе локации отколку во претходните години, заради ситуацијата со коронавирусотзаради безбедноста на здравјето на капачите.
Извор: vecer.mk
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!