16.11.2020
Вила на Пониква идеална за сонување!
Вила на Пониква идеална за сонување!
Тимот на Кајак.мк изминатиот период промовираше доста сместувачки капацитети во регионот на Пониква, каде интересот за престој е доста голем. Како што и нам не информираат патниците, така и пренесуваме, а од најновите информации кои ги дознаваме, пределот во областа на Пашаџиково е доста атрактивен поради здравиот и чист воздух и поради природната бања. Вилата се наоѓа на 1250 метри надморска височина. Има летниковец, а греењето е на дрва. Надвор има скара достапна на гостите. Веднаш до ресторан „Осоговска Куќа“.
Во овој предел расте дрвото „Ариш“ кое е доста специфично листопадно дрво, а поради кое растени голем број на доктори се одлучуваат својот одмор да го поминат на Осогово.
Денеска ве запознаваме со вила „Рашков“ која има капацитет за од 6 до 8 лица. Како што не информираат сопственците на вилата, во нејзе најдобро е да бидат сместени 6 лица, поради идеалната комоција и приватност.
Вилата има четири спални соби, дневен престој, кујна и бања. Идиличен планински амбиент, со комплетни услови за престој на различни генерации. 
Патот до вилата е асфалт, со мал дел од исклучувањето земјен пат кој му дава автентичност на пределот. Клучевите за вилата се подигаат во Кочани, но во зависност од договорот и периодот може да се подигнат во вилата. 
Доколку се одлучите за подолг временски престој, сопственците ви вршат промена на постелнините. Пониква има 16 километарски долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”. Скијачките терени во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.
Повеќе фотографии од внатрешноста на вилата и информации за резервирање на вила „Рашков“ можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.