23.07.2020
Koe e совршеното море за Вас?
Koe e совршеното море за Вас?
Пишува девојката која на инстаграм можете да ја најдете под @maltezerka1
Кога би Ви рекла одмор,
авион, патување...која
е првата работа што Ви доаѓа напамет? Ако Ви речам дружење со нови интересни лица? Замижете и обидете се да
ја создадете совршената слика кога ќе Ви спомнам солена морска вода, многу
незаменливи возбудливи вечери
созајди сонце, додека пиете некој освежителен коктел на некоја од познатите тренд плажи по светот.
Дали Ви доаѓа желба да го сторите тоа, да замислите дека сте таму, и Ви иде во истиот момент да ги спакувате торбите и да ги вкрстите желбите со реалноста, да заминете кон дестинациите од Вашата бакет листа?

Патувањето на
морего крева Вашиот кортизол, така си посреќени ти помага за миг да заборавиш на нервозата, секојдневните проблеми, особено во деновиве и
месециве поминати дома, во карантин.
Денеска, кога светот почнуваат да се враќа пополека во нормала, државите да се ослободуваат од локалните карантини и мерки, кога границите се отвараат, најголем број луѓе имаат потреба да се вратат на своите стари навики, односно да патуваат низ светот, особено во овие жешки јулски денови вокоисите од нассонуваат за море.
2-ри Август во Валона! |
Но, тоа не значи дека треба да останете дома, кога сепак можете да ја истражувате сопствената земја, мислам дека и тука ќе го најдете морето кое е само Ваше особено во оваа пандемија, нема подобро време да започнете со истражување на сопствениот крај, сопствената земја и сопственото море.

Со патувањето низ сопствената земја, повторно ќе се навратиме во светот од каде што потекнуваме, на нашите корени, можеби од ова брзотемпо на живеење сме заборавиле од каде доаѓаме. Започнувајќи со истражување на сопствената историја, култура па се до нашата прекрасна природа, ќе ја зголемиме поддршка за локалните бизниси која е неминовно непроценлива за заживување на локалните економии. Значи, ако сакате да патувате низ светот, или да одите на море по COVID-19, најдобро место за почеток е дома, во својата земја.
Едноднево капење во Охрид |
Месециве наназад се убедив во едно нешто. Не мора ама баш секогаш да се качиме во авион за да отпатуваме некаде. Премногу често се навикнуваме да сонуваме за далечни земји и да заборавиме на сите прекрасни авантури што ги нуди нашата сопствена земја. Секоја земја е исполнета со свои природни богатства, историски места, културни традиции и вкусна кујна. И само чека да се открие од вас. Ке видите дека има нешто дополнително наградувачко за истражувањето на нашата земја. Не само што веројатно ќе бидете изненадени од сите богатства што се наоѓаат пред нашиот нос, туку ќе се најдете и за поголема врска со вашата локална историја, култура и заедници.

Комуницирајќи со луѓето кои имав чест да ги запознам на
моите долгогодишни патувања низ земјава, најдов нова страст за животот. Успеав да се убедам да патувам дури
и во моменти кога не се чувствував баш најдобро. Сето тоа ми донесе поттик да продолжам со уште поголем ентузијазам да
истражувам, ми даде цел и ме направи силна, независна жена.
Знам дека луѓето, генерално, не се предодредени да бидат врзани за едно место во својот живот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.