17.11.2020

Влегов во водите на река Бабуна во ноември, а рекордот ми е на -33°

Влегов во водите на река Бабуна во ноември, а рекордот ми е на -33°

Можеби ќе се запрашате што ли прават туристите авантуристи во месеците ноември или декември кога масовниот туризам е на кратка пауза. Тимот на Кајак.мк денеска разговара со Бети Котовчевска која има поразлична перцепција од класичниот турист.

Таа вели дека проучувањето на човековото тело за неа е боженствено. Откривање до какви екстремности може да ни послужи, а впрочем и да го билдаме имунолошкиот систем на природна база.
Бети е екстремист од малечка, студените води и претставувале предизвик кој и прераснал во секојдневна рутина. Затоа со патниците таа споделува многубројни искуства во екстремно ладни води.

Бидејќи станува збор за експремни спортови Бети споделува совети на кои треба да внимавате:

  1. Направете неколку вежби,загрејте го телото, размрдајте се.
  2. Aклиматизација: Пред да влезете разголете го вашето тело почувствувајте ја температурата со која се соочувате и температурата на водата.
  3. Студените води можат да бидат многу опасни, затоа бидете сигурни за местото и тактиката  како лесно ќе влезете и брзо ќе излезете од водата.
  4. Една од најбитните работи при ваков “шок” на телото е дишењето. Дишете правилно и бавно, вашиот адреналин  веќе е на виско ниво, па затоа со правилно дишење стимулирате баланс.

  5. Зависно од временскиот период, пожелно е да носите капа (волнена или за пливање), исто така и чорапи ако сте почетници  со тоа што пред самиот чин избегнувате стапалата дирекно да ви се изложат на студ, туку постепено (не е задолжително, се зависи од вашиот комфорт).
  6. Не нуркај! – Никогаш!  Ладната вода може да ви го отежни дишењето, кое што може да предизвика голем шок кој може да биде опасен.
  7. Имајте свои граници, но и времетраење колку да останете под вода.
  8. После самиот чин битно е загревањето на телото, кое мора да биде постепено, а најчесто пожелна е волнена и топла облека, а исто така можете и некој топол напиток.


Таа ни го споделува нејзиното најекстремно искуство досега во ICE HOLE SWIMMING на -35 степени во Лапонија.

За време на поларните ноќи температурите најчесто се движат од -30 до -35, меѓутоа знаејќи ги бенефитите , Финците сето ова ми го претставија како секојдневно нешто што впрочем го нарекуваат:

Елексир на младоста !

Сауна, па капење во екстремно ладна вода, е дел од секојдневната рутина на Лапонците.

Тоа беше незаборавно искуство од самиот почеток како правевме дупка на сред замрзнато езеро до моментот на смирено влегување во дупката. Ја осеќав секоја пора од моето тело, многу голема  енергија, неопишливо. Кога веќе излегуваш надвор од отворот, секоја капка вода на твоето тело веќе замрзнала. Се смешкав, водата постепено се кристализираше по цело тело, косата, веѓите, трепките се подмрзнато, 6 месеци во мрак најголем извор на позитивна и чиста енергија ми беше “ice-hole swimming”.

Ова ми создаде навика за поразличен начин на живеење, а и на патување. Скоро и да ја заборавив топлата вода.

Често пати добивам коментари од типот: женско си треба да раѓаш,тоа е премногу ладно, тоа е преголем шок ќе ти пукне срцето и таканатаму. 

Па затоа сакам да ги споделам бенефитите, кои  впрочем се научно докажани и подржани со факти, а некаде и секојдневна рутина.

·         Ладната вода ја стимулира т.н. “плава точка” во мозокот со што се потикнува производство на норадреналин.

·         Подобрување и јакнеење на имунитетот.

·         Ладната вода го зголемува бројот на бели крвни зрнца кои пак се директни заштитници на имунитетот.

·         Поголема енергичност.

·         Релаксира и го намалува стресот.

·         Разбистрување на умот и телото, поцврсто позатегнато.

·         Контрахирањето на мускулите во ладна вода е мелем за размрдување на лимфата која впрочем е задолжена да ги отстрани отпадните материи.

·         Расонува и го подобрува сонот.

·         Ве учи да дишете правилно.

·         Ја остава природната маснотија на вашата кожа и коса.


Бети додава дека, доколку некој покажува интерес, може слободно да ја контактира за да сподели повеќе искуство. Таа вели Епа луѓенца мили јас кажав повеќе од доволно, ако некој има желба, а нема храброст слободно нека ме контактира и да ги занемариме сите стравови и заедно да пловиме во елексирот на младоста“.

Тимот на Кајак.мк напоменува дека секое тело функционира на различен начин, затоа пред преземањето на било каква акција задолжително консултирајте се со вашиот доктор и барајте дозвола од него. 

Остави Коментар

Коментари

  • Васко Талевски

    06.04.2022 18:45

    Секоја чест, браво Бети.

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.